Хуманитарни летови за граѓаните затекнати во други држави, па во карантин


Ќе се подготви посебен план за хуманитарни летови за граѓаните кои се затекнати во други држави, но по враќањето во земјава тие ќе треба да поминат соодветен број денови во карантин, напиша вечерва премиерот Оливер Спасовски на својот официјален Фејбук профил информирајќи за одлуките донесени на денешната владина седница. – На оваа седница ја разгледавме […]

Струмица ги затвори сите детски игралишта и спортски терени


Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, објави дека со одлука на општинските власти денеска се затворени сите детски игралишта, спортски терени и летниковци во паркот и пред станбените објекти кои ги користат граѓани од сите возрасни групи. Ова е само една од мерките што ги презема општина Струмица и комуналното претпријатие „Комуналец“ за заштита од корона […]

Тројца прилепчани ќе платат по 3.000 евра – не биле дома, а биле во самоизолација


Основното обвинителство во Прилеп поднесе предлог три лица да бидат парично казнети поради кршење на мерката за самоизолација. -Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнен налог за три  лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во одделни кривично […]

Вработен во МВР позитивен на коронавирусот


Информатичар во Одделот за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи е позитивен на коронавирусот – Ковит 19, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5. -Веќе се пратени луѓе во самоизолација, а со Институтот за јавно здравје, по препораките, извршена е дезинфекција во сите простории во кои што […]

Во Лондон критично, нема кревети за пациентите


„Критичен инцидент“ беше кратко прогласен денеска во лондонска болница, поради недоволен број кревети во одделот за интензивна нега, како резултат на зголемување на бројот на пациенти кои се заболени од новиот корона вирус. Болницата Нотвик Парк во северозападниот дел на Лондон соопшти дека нема доволно простор за пациенти на кои им е потребна нега во […]

Лимоните по 180 денари – Владата донесе одлука да се врати цената


Според Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки се определува највисока трговска маржа на овие производи за трговски друштва и трговец поединец која се применувала во периодот од 1 јануари 2020 година до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на Коронавирусот COVID- 19. Според […]

Во Албанија на улица по 13 часот само војска и полиција


Откако армијата денеска излезе на терен внимателно да ја следи ситуацијата во врска со спроведувањето на мерките против ширењето на коронавирусот, албанскиот премиер Еди Рама доцна попладнево најави нови мерки. Според Рама од утре до понеделник режимот на движење се менува, затоа што,како што наведува, немаме ниту час, а не денови за губење во едукација […]

Чулев: Важноста на личните документи продолжува додека трае вонредната состојба


Важноста на патните исправи, возачките дозволи и личните карти продолжува до завршување на вонредната состојба, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5 телевизија, информирајќи за првите уредби со законска сила на Владата донесени вечерва. -Со посебна уредба со законска сила на Владата е суспендирано важењето на законот за јавни […]

Ужас во Италија – денеска 627 мртви од корона вирусот


Вирусот не запира – во Италија изгледа уште далеку е времето на врвот на инфекцијата затоа што денеска е постигнат тажниот рекорд: 627 мртви за еден ден. Според податоците објавени од страна на Цивилната заштита во последните 24 часа бројот на позитивни на вирусот се зголемил за 4.670 лица, со што нивниот вкупен број изнесува […]

Штипските текстилни компании ги сошија првите 1.000 заштитни маски


Сошиени се првите 1.000 заштитни маски од страна на работничките од штипските конфекции. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска посети две текстилни фабрики, каде што е почнат процесот на шиење. –Бев во две текстилни фабрики лично да се заблагодарам на сопствениците и секако на текстилните работнички и работници кои покажаа висока свест преку нивната […]

Почина кошаркарската легенда Бора Станковиќ


Легендарниот кошаркар и долгогодишен функционер на ФИБА, Бора Станковиќ почина денеска во Белград на 95-годишна возраст. Беше еден од основачите на белградска Црвена звезда, репрезентативец на поранешна Југославија и играч кој го постигна првиот кош во историјата на Светските првенства (СП 1950 во Аргентина). Со Црвена звезда освои три шампионски титули по што ги облече […]

Директорите на Здравствен Дом Скопје се откажуваат од маровската плата, парите за Итната медицинска помош


Директорите на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје  проф.др. Виктор Исјановски и дипл. екк. Бесим Кока, се откажуваат  од платата за март, информираат од оваа здравствена институција. Средствата, како што појаснуваат ќе бидат пренаменети за потребите на Службата за Итна медицинска помош која во овој кризен момент е прва линија за помош на сите наши корисници на […]

Во болницата во Велес еден сомнителен на корона вирус


На Инфективното одделение при велешката Општа болница од вчера е хоспитализиран маж кој пред 10 дена се вратил од Шведска и кој има симптоми слични на коронавирусот. Има покачена температура и сува кашлица, а добил и мозочен удар. -Земен му е брис и се чекаат резултатите од лабораторијата во Скопје, изјави за МИА докторка Весна […]

Одложување на ратите до септември, пониски камати, репрограмирање… што можат да бараат граѓаните и фирмите од банките


За ова нема да се оди во банка, туку се работи на процедура која ќе овозможи тоа да се прави електронски Граѓаните и фирмите што се соочуваат со проблеми поради корона вирусот, од наредната недела ќе може да побараат одложување на плаќањата на обврските кон банките до септември и да добијат поповолни услови за отплата, […]

Кои политичари и високи функционери имаат коронавирус?


Коронавирусот не познава граници и ниту еден континент – освен Антарктикот – не е поштеден. Вирусот се прошири и во коридорите на моќта, а голем број национални и локални политичари ширум светот објавија дека се заразени. Во Иран, најмалку десетина сегашни и поранешни функционери, политичари и религиозни личности починаа по добиениот вирус. Прашањето е колку […]

Претседателот Пендаровски го потпиша последниот документ за членство во НАТО


Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување на Македонија кон НАТО, што претставува финален чекор за членството во алијансата. „Со овој документ, јас како претседател на државата, свечено изјавувам дека Република Северна Македонија пристапува кон Северноатлантскиот договор и, се обврзува посветено да ги извршува и спроведува сите одредби содржани во овој Договор. Почитувани граѓани, […]

Томас Бах: Откажување на Олимпијадата не е опција


Швајцарија– Меѓународниот олимписки комитет (МОК) разгледува различни сценарија за Олимпијадата во Токио, но откажувањето не е меѓу нив, изјави денеска претседателот на организацијата, Томас Бах. „ИОК и Владата на Јапонија во средата објавија дека подготовките за Игрите одат според планот и се очекува да започнат навреме. Се разбира, гледаме во различни сценарија, но за разлика […]

Комора за туризам: Со ваучер патниците да го сменат датумот на аранжманот во рок од една година


На патниците да им се овозможи во рок од една година со ваучер да го заменат датумот на аранжманот што веќе го закажале, а не можат да го реализираат поради коронавирусот. Да се воведе и ваучер за аранжмани со авионски превоз од кои авионскиот превоз би се изземал и би се субвенционирал од државата. Ова […]

(Галерија) Замре Старата скопска чаршија


Петок – прв ден на пролетта, а Старата скопска чаршија пуста. Ретките дуќанџии, кои се уште ги држат дуќаните отворени, седат на пролетното сонце, пред врата, чекајќи некој да влезе во продавницата, макар муабет да скршат со некого. Сепак, поради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, граѓаните се претежно дома, а по старите […]

Даниел Дае Ким, ѕвездата на Hawaii Five-0 е позитивен на коронавирус


САД- Даниел Дае Ким (51) , ѕвездата на Lost и Hawaii Five-0 потврди од неговиот дом на Хаваи дека е позитивен на корона вирус. Актерот ја сподели веста по пат на видео на социјалните мрежи истакнувајќи дека „изгледа дека ќе бидам добро“. Тој, исто така, го детализираше своето патување со коронавирусната болест во обид да […]