Струмица ги затвори сите детски игралишта и спортски терени


Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, објави дека со одлука на општинските власти денеска се затворени сите детски игралишта, спортски терени и летниковци во паркот и пред станбените објекти кои ги користат граѓани од сите возрасни групи. Ова е само една од мерките што ги презема општина Струмица и комуналното претпријатие „Комуналец“ за заштита од корона вирусот.