Ужас во Италија – денеска 627 мртви од корона вирусот


Вирусот не запира – во Италија изгледа уште далеку е времето на врвот на инфекцијата затоа што денеска е постигнат тажниот рекорд: 627 мртви за еден ден. Според податоците објавени од страна на Цивилната заштита во последните 24 часа бројот на позитивни на вирусот се зголемил за 4.670 лица, со што нивниот вкупен број изнесува 37.860. Со денешните 627 смртни случаи досега во Италија починаа 4.032, додека излекувани се 689 повеќе од вчера. Тоа значи вкупно 5.129 лица.

Вкупниот број заразени лица – вклучително и жртвите и излекуваните достигна 47.021. Ова го соопшти комесарот за вонредни состојби Анџело Борели на прес-конференција во Цивилната заштита. Во Ломбардија, бројот на корона вирусни позитивни лица се искачи на 22.264, каде во последните 24 часа се регистрирани 2.380 повеќе случаи.