Во Албанија 76 заразени од коронавирус


Во Албанија дијагностицирани се шест нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупната бројка се зголеми на 76 лица. Новите случаи се од двата најпогодени градови, Тирана и Фиер,кои биле во контакт со претходно потврдени позитивни пациенти. „Во последните 24 часа направени се 46 тестирања, при што кај шест од нив покажан е позитивен […]

Агенциите бараат Владата да ги плати авионските карти за откажаните аранжмани


Не сакаме да предизвикаме паника, туку бараме реално решение за туристичките агенции, бидејќи овој сектор е веќе во колапс, велат од Стопанската комора за турзам на Македонија. Според нив сите патници кои уплатиле патување и не е реализирано поради моменталната пандемија од вирусот COVID-19,треба да добијат ваучер кој ќе е во времетрање од една година […]

Димитров: Се бара пренасочување на ИПА фондовите за борба против корона вирусот


Република Северна Македонија бара пренасочување на средствата од ИПА фондовите за да може да ги користи како средства за борба против корновирусот, информира шефот на дипломатијата Никола Димитров на денешната прес-конференција. Тој потенцира дека пред 2-3 дена е упатено писмо до еврокомесарот комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, […]

Отворена истрага против четворица американски сенатори за шпекулирање на берзата


САД – Четворица американски сенатори се под истрага заради обвинувањата дека користејќи инсајдерски информации во текот на кризата со коронавирусот стекнале профит од продажба на берзата пред вртоглавниот пад на вредноста на акциите. Заради минатомесечна продажба на своите акции во милионски износи републиканските сенатори Ричард Бјур, Кели Лифлер и Џејмс Инхоф, како и демократската сенаторка Дијана […]

Од утре наоблачување, со дожд и снег на повисоките места


Утре ќе настапи наблачување, а во попладневниот период ќе започнат врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Од север ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување и врнежи од снег на планините и наповисоки теместа, каде ќе се формира снежна покривка. Засилување […]

Сомаруга со писмо до Швајцарците: Ќе се грижиме за компаниите и вработените


Швајцарија– -Претседателката на Швајцарија Симонета Сомаруга упати отворно писмо до своите сонародници во кое побара единство од нацијата во борбата против коронавирусот, како и почитување на донесените мерки. „Нашите животи преку ноќ се сменија. Училиштата, кината, продавниците се затворени, манифестациите забранети, постарите и болните лица остануваат дома,  многумина вработени работат од дома, а на улиицте и […]

Прилепчанц со автомобил бегал од полицијата, тие пукале во гумите


  Прилепчанец кој полицијата го барала за „Предизвикување општа опаснонст“, не бил најден дома, а бил забележан во автомобил. Кога ја видел полицијата тој почнал да бега со возилото, неколкупати се обидел да ги прегази, а го сопреле дури кога пукале во гумите од автомобилот. СВР Битола – Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното […]

ЈСП: Јавниот превоз по саботен возен ред, се до нови препораки


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека јавниот превоз во главниот град продолжува да сообраќа по саботен возен ред, а оти исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред. Одлуката, како што се вели во соопштението од ЈСП, е согласно препораките и мерките на Влада на РСМ во […]

СЗО: Можно е низ светот да бидат потребни 150 милиони тестови за коронавирусот


Швајцарија–  Светската здравствена организација (СЗО) досега ширум светот има дистрибуирано околу 1,5 милиона тестови за коронавирусот, но во иднина можно е да и бидат потребни 80 до 100 пати повеќе за да се задоволат потребите, изјави денеска претставникот на оваа организација Мајк Рајан. -Тоа е екстремна анализа, но тоа е заклучок до кој дојдовме, рече […]

Во Франција в болница 5.226 лица од корона вирусот, а досега умреа 450


Епидемијата на коронавирусот до вчера ја предизвика смртта на 450 пациенти (78 дополнителни за 24 часа) и принуди да се хоспитализираат 5.226 пациенти, од кои речиси 1.300 се наоѓат на интензивна нега, јави дописникот на МИА. -Половина од пациентите кои се наоѓаат на интензивна нега се под 60 години, рече генералниот директор за здравство Жером […]

Група од 600 француски доктори го тужат премиерот за лошо справување со коронавирусот


Група од повеќе од 600 француски лекари собрани во колективот наречен „К 19“, поднесоа тужба против поранешниот министер за здравство Ањес Бузин и премиерот Едуард Филип за „државната лага“ во управувањето со епидемијата на коронавирусот. Тројцата лекари-основачи на овој колектив – Филип Накаче, Емануел Саразин и Лудовик Торо – тужбата ја поднесоа пред Судот на […]

Владата ја продолжи важноста на личните документи


Владата донесе одлуки важноста на патните исправи и за личните карти, чиј рок на важење е истечен да се продолжи за време на траење на вонредната состојба. Владата донесе одлука важноста на возачките дозволи чиј рок на важење е истечен да се продолжи за време на траење на вонредната состојба, а сите процесни дејствија за […]

Димитров: Сакаат дома, а не сакаат во карантин


  Министерот за надворешни работи Никола Димитров извести денес на прес конференција дека околу  2.300 македонски граѓани се пријавиле дека се заглавени низ целиот свет, но таа бројка варира. Фокусот на МНР е да им  помогне на тие на нашиот континет. -Ние немаме информација за нивната здравствена состојба, рече Димитров нагласувајќи дека државата не може […]

Италија во очај воведе нови драконски мерки за корона вирусот


Откако бројот на починатите во петокот се зголеми за 627 во еден ден, италијанската влада конечно ги затвори парковите, кои беа полни со луѓе што џогираат и возат велосипеди   Италија воведе дополнителни драконски ограничувања на јавниот живот во петокот (20 март) во очајничките напори да ги запрe инфекциите со корона вирусот, откако бројот на […]

Таткото на четиригодишното дете со Ковид-19 апелира да престанат дезинформациите и говорот на омраза


Драганчо Златанов, таткото на четиригодишното девојче, кое е првиот пациент со Ковид 19 на Инфективното одделение се јави од Англија и за МИА информираше дека неговото дете и сопруга во земјава се пристигнати на 14 март без никакви симптоми на болеста. Тој забележува дека доколку неговото дете и сопруга имале какви било симптоми ќе останале […]

Акција за машинско миење на улиците во пет скопски општини, утре во други четири


ЈП Комунална хигиена – Скопје утринава почна акција за машинско миење со автоцистерни на поголемите булевари и улици во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба. Како што информираат пд претпријатието, нивните екипи денеска ќе извршат и дезинфекција на плоштадот Македонија, Камениот мост, улицата Македонија, плоштадот Филип Втори и Старата скопска чаршија. […]

Граѓани се жалат дека во некои продавници вработените не носат заштитни маски и ракавици


До Одделението за заштита на потрошувачите при Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) последните три дена се поднесени девет претставки чии наводи се однесуваат на актуелната состојба со корона вирусот и непочитувањето на некои од донесените мерки на Владата. Како што велат од АХВ за МИА, потрошувачите во претставките алармираат дека во некои продавници вработените […]

Од денеска Министерството за здравство еднаш дневно ќе информира за нови случаи на Ковид19


Поради растот на бројот на случаи на Ковид19 од денеска Министерството за здравство еднаш дневно ќе информира за точните статистики и бројки на заболени лица од Ковид19.  Ќе информираме за состојбата до 12 часот и таа бројка ќе се однесува на претходните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство. Од Министерството појаснуваат дека сосега ова […]

Корона вирусот му се погоди на Виктор Орбан


Министерот за правда на Унгарија поднел предлог закон до Парламентот вонредната состојба поради корона вирусот да се продолжи до крајот на 2020 година, со што ќе се суспендира Парламентот на долг рок , владата на премиерот Виктор Орбан ќе владее со декрети , нема да можат да се организираат предвремени избори или референдуми, а за […]