Австриската Влада издвои 22 милиони евра за медицински истражувања на коронавирусот


Австриската Влада одвои 22 милиони евра за медицински истражувања заради што побрзо наоѓање  лек и вакцина против коронавирусот, соопшти денеска на прес-конференција австриската федерална влада. – Најефикасна борба против коронавирусот е истражување што ќе придонесе за пронаоѓање на лекови и вакцини, рече министерката за економија и дигитализација, Маргарет Шрамбоек. Според Министерството за здравство и социјална […]

Италија не може да ги доброи мртвите – денеска 793 жртви од короната


Во Италија има 42.681 лица заразени со корона вирусот, 4.821 повеќе од вчера. Бројот на починатите драматично се зголеми во однос на вчерашниот ден – денес имаше 793 жртви. Со тоа црниот биланс се искачи на 4.825. Оздравени се вкупно 6.072 лица, од кои 943 само во вчерашниот ден. На интензивна нега се хоспитализирани 2.857, […]

Бројот на мртви од корона во Шпанија надмина 1.300


Шпанија објави дека има 32 отсто зголемување во нови смртни случаи од корона вирусот, со што земјата има вкупно 1.326 жртви, што е втора највисока стапка во Европа по Италија. Бројот на зарази во целата земја исто така се искачи на 24.926, се вели во соопштението на Министерството за здравство. Главниот град Мадрид останува најтешко […]

Омилен кармин на ѕвездите: Зошто Pillow Talk  се продава на секои 2 минути?


САД- Потрагата по совршена нијанса на кармин е заедничко на сите жени.Без разлика дали копнеете да се потсетите на бојата од вашето минато што исчезна од продавниците или допрва треба да ја пронајдете вашата идеална нијанса. Изборот на вистинската нијанса ви го менува животот. И, иако потрагата по совршенство може да изгледа како многу личен […]

Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2020 година


Добитник на „Златен венец“ за 2020 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е израелскиот поет, романописец и есеист Амир Ор. Според востановената традиција, оваа одлука се соопштува од Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ на Свечена седница, што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), но […]

Милановиќ: Нема потреба од воведување вонредна состојба во Хрватска


Хрватска– Хрватскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Зоран Милановиќ денеска го посети сместувачкиот камп пред болницата Дубрава во Загреб, посочувајќи дека нема потреба од воведување целосен карантин или вонредна состојба . – Ако навистина има потреба од подрастични, екстремни мерки како што е карантинот, тогаш тоа вклучува прекинување на работата на Парламентот, а […]

Далај Лама е ставен во карантин заради возраста


Индија– И тибатенскиот духовен лидер Далај Лама е ставен под принуден карантин, јави лама Калмакиј Тлкуло Тулку Ринпоче. -Далај Лама е ставен под карантин како мерка на претпазливост, додаде Ринпоче. Според него од почетокот на епидемијата, од јануари 2020 година, сите настани на кои требаше да учестува духовниот лидер се откажани. Тоа се однесува како […]

Во Њујорк заразени од коронавирус се речиси осум и пол илјади лица


САД– Во американската сојузна држава Њујорк се забележани околу осум и пол илјади случаи на заразени од новиот коронавирус, што е речиси половина од сите забележани случаи во САД, соопшти гувернерот на државата Ендру Куомо. -Колку повеќе се прават тестови, толку повеќе се добиваат позитивни резултат. Во просек, ние правиме многу повеќе тестови отколку Кина или Јужна […]

Корона вирусот го стави Оливер Спасовски во првата борбена линија


Големата криза со ширењето на Ковид-19,  која за првпат доведе до прогласување вонредна состојба, ги наруши сите планови околу развојот на политичката ситуација. Сега е извесно дека Спасовски и неговиот кабинет ќе ја дочекаат најмалку есента на „Илинденска“   Кога на почетокот на јануари Оливер Спасовски ја презеде функцијата технички премиер и се пресели од […]

Матичните лекари ќе можат да издаваат потврди за лицата со хронични болести


Потврдите за лицата со хронични болести кои досега ги издаваа лекарите специјалисти и со кои тие беа задолжени да седат дома, сега со промената на начинот на издавање на овие потврди можат да ги издаваат и матичните лекари. Ова денеска на прес-конференција  го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање. – Доколку […]

Kосово ги укинува царините за Србија и БиХ, што ќе значи тоа за Македонија


Косово ги укинува царините кон Србија и Босна и Херцеговина. Тоа е добра вест за регионот, бидејќи сите земји од Западен Балкан се залагаат за непречено одвивање на трговската размена, и без никакви бариери. Тоа, како што очекуваат стопанствениците од двете страни, ќе придонесе за интензивирање на економската соработка, а веројатно ќе има и поширок […]

Што се случува во ВМРО-ДПМНЕ?


Во ВМРО-ДПМНЕ се чини се случува некакво раслојување како да се постават во кризата со коронавирусот. Нихилистичките ставови не одѕвонуваат кај луѓето кои седат дома и стравуваат за сопственото и здравјето на најблиските   ЉУПЧО ПОПОВСКИ (колумна за Дојче веле) Можеби за некого да изгледа претенциозно зошто еден важен дел од јавноста се занимава со […]

Турција забрани летови за уште 46 држави, меѓу нив и Македонија


Властите во Турција ги засилија мерките против ширењето на корона вирусот со суспендирање на летовите со уште 46 земји, а меѓу нив е и Македонија. Од денеска се суспендирани летови до и од Мавританија, Алжир, Судан, Ангола, Филипини, Молдавија, Црна Гора, Бангладеш, Украина, Тунис, Полска, Португалија, Оман, Узбекистан, Северна Македонија, Турција, Северен Кипар, Монголија, Камерун, […]

Кина ја обнови работата на 89 отсто од запрените инфраструктурни проекти


Кинеските компании ја обновија работата на повеќе од 89 отсто од клучните инфраструктурни објекти што беа затворени за време на борбата против коронавирусот во земјата. – Ситуацијата во земјата се уште продолжува да се нормализира и се враќа нормалниот начин на живот, меѓутоа, во различни региони заздравувањето се одвива со побавно темпо, изјави началникот на […]

Комплетно опремени собите во „Ибис“ хотелите и подготвени да прифатат лица во изолација


Двата хотела „Ибис Скопје“ – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“, кои „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ ги ставија на располагање по потреба на државата и на Министерството за здравство се комплетно опремени и подготвени се веднаш да прифатат лица на кои им е определена изолација. Од „Аџибадем Систина“ информираат дека на располагање се ставаат вкупно […]

Закажете тестирање преку „Мој термин“


Од денеска во функција е Кол-центарот во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, на кои ќе можат да се јавуваат граѓаните, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта во поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ за земање на брисеви за тестирање за коронавирус. Исто така, од понеделник […]

Филипче: Очигледно е непочитувањето на изолацијата, неопходни се поригорозни мерки


Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конфернција рече дека мерките за изолацијата од страна на голем број граѓани не се почитуваат. Поради тоа веќе се подготвени ригорозни мерки кои ќе бидат разгледни попладнево на владина седница. -Очигледно е непридржувањето до мерките, очигледно е дека има сериозна бројка граѓани кои апелите, пораките и ризикот не […]

Ангеловска-Бежоска: Можноста за одложување на ратите и за промена на условите се повеќе од обичен мораториум


Пакетот на можности за привремено олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити, кои веќе се соочуваат или во наредниот период би можело да се соочат со реални тешкотии во извршувањето на своите обврски кон банките и штедилниците, предизвикани од состојбата со корона вирусот, овозможен со вчерашните регулаторни измени може да е многу поповолен од […]

Нови девет случаи заболени од Ковид 19


Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот, изнесува 85, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, преку Фејсбук. Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид. Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката […]