Италија не може да ги доброи мртвите – денеска 793 жртви од короната


Во Италија има 42.681 лица заразени со корона вирусот, 4.821 повеќе од вчера. Бројот на починатите драматично се зголеми во однос на вчерашниот ден – денес имаше 793 жртви. Со тоа црниот биланс се искачи на 4.825. Оздравени се вкупно 6.072 лица, од кои 943 само во вчерашниот ден. На интензивна нега се хоспитализирани 2.857, што е  202 повеќе за 24 часа. Дури 546 лица од оние што починаа се во Ломбардија.