Италија во очај воведе нови драконски мерки за корона вирусот


таму спирално се зголемува бројот на заразените (Фото: ЕПА)

Откако бројот на починатите во петокот се зголеми за 627 во еден ден, италијанската влада конечно ги затвори парковите, кои беа полни со луѓе што џогираат и возат велосипеди

 

Италија воведе дополнителни драконски ограничувања на јавниот живот во петокот (20 март) во очајничките напори да ги запрe инфекциите со корона вирусот, откако бројот на смртни случаи беше зголемен за 627 за еден ден, досега најголем 24-часовен пораст забележан на кое било место во светот.

Градоначалникот на најпогодениот град Бергамо во богатиот северен регион Ломбардија, изјави дека вистинскиот број на загинати од пандемијата во неговата област е четири пати поголем отколку што беше официјално соопштено.

„Многу од постарите лица умираат во нивните куќи или во домовите на старите луѓе, без никој да ги тестира пред или откако ќе умрат“, изјави Џорџо Гори за „Хафингтон пост“.

Тој додаде дека десетина градоначалници од другите градови му го потврдиле истото.

Одговарајќи на барањата на гувернерите од најтешко погодените региони, националната влада во Рим рече дека од сабота сите паркови ќе бидат затворени и луѓето може да вежбаат само околу своите домови.

„Треба да сториме уште повеќе за да ги запреме инфекциите. Правилното однесување од сите е суштинско за да се победи оваа битка“, рече министерот за здравство Роберто Сперанза по потпишувањето на последната директива.

Властите во последниве денови се фрустрирани кога ги гледаат луѓето како сѐ уште се надвор и покрај нивните апели да останат дома  и да излегуваат само за основни потреби.

Најновиот удар ефективно го забранува џогирањето и возење велосипед, единствените типови вежби на отворено кои беа дозволени.

„Веќе имаме стотици мртви. Што повеќе е потребно пред луѓето да ја разберат трагедијата со која се соочуваме?“ изјави Серџо Вентури, шеф на тимот за одговор на коронавирусот во Емилија-Ромања, уште еден богат северен регион кој е тешко погоден од вирусот.

Националната бројка за смртни случаи се зголеми за 627 во текот на изминатите 24 часа на 4.032 – досега најголемиот апсолутен пораст во светот во апсолутни услови откако заразата се појави пред еден месец.

Италија во четвртокот ја престигна Кина како земја што бележи најмногу смртни случаи од респираторна болест. Пред петокот таа не регистрираше повеќе од 475 жртви во еден ден. Вкупниот број случаи се искачи на 47.021 од претходните 41.035, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

„Можеби врвот нема да дојде следната недела, туку неделата по неа“, изјави за Радио Раи, шефот на агенцијата, Анџело Борели.

Ломбардија, епицентарот на епидемијата, рече дека наскоро ќе бидат распоредени околу 100 војници за да ѝ помогнат на локалната полиција да го спроведе заклучувањето и ја повика националната влада да воведе нови мерки за да се осигура Италијанците да останат дома.

Официјалните лица се особено загрижени од ситуацијата во Милано, главниот град на Ломбардија и вториот град на Италија.

Најголемите градови во земјата досега беа релативно лесно погодени од вирусот, но сега има 3.804 лица заразени во Милано, кој е финансиски центар.

Бројот на нови случаи во и околу Милано се зголеми за 526, или 16 отсто, најголемото дневно зголемување за кој било регион во Ломбардија.

„Во прв ред сега е во Милано“, изјави Масимо Гали, раководител на одделот за инфективни болести во градската болница „Сако“, за весникот „Ла република“. „Јас сум крајно загрижен од она што се случува… Сè уште има многу луѓе надвор“.

Владата на Рим минатата недела нареди рестораните, баровите и повеќето продавници да се затворат до 25 март. Покрај тоа, ги затвори училиштата и универзитетите и им рече на сите да останат дома од сите до 3 април.

Премиерот Џузепе Конте во четвртокот рече дека мерките треба да бидат проширени во обемот и времетраењето, но не даде дополнителни детали.

Во потрага по зајакнување на моралот, сите италијански радиостаници за прв пат истовремено ја емитуваат националната химна во 11 часот, проследена со три иконски песни: „Azzurro“, „La canzone del sole“ и „Nel blu dipinto di blu“.

Сепак, националното расположение стана помрачно оваа недела, бидејќи бројот на починатите се зголеми драматично.

„Се чувствува како да сме во друг свет. Не знам, тоа е навистина лошо чувство. Се надевам дека ќе заврши наскоро затоа што навистина, ова не е добро“, вели жителката на Рим, Ана Маркоталио (53).       (Еурактив/Ројтерс)