Корона вирусот му се погоди на Виктор Орбан


Leaders' Meeting on refugee flows along the Western Balkans route

Министерот за правда на Унгарија поднел предлог закон до Парламентот вонредната состојба поради корона вирусот да се продолжи до крајот на 2020 година, со што ќе се суспендира Парламентот на долг рок , владата на премиерот Виктор Орбан ќе владее со декрети , нема да можат да се организираат предвремени избори или референдуми, а за ширењето лажни вести ќе се оди во затвор до 5 години.

Законот се правда со потребата да се воспостави единство и дисциплина во земјата во која до вчера беа регистрирани 103 случаи.  Владата на Виктор Орбан е единствената што ширењето на корона вирусот го поврза со мигрантите, справувајќи се со две цели одеднаш, а сега со законот со три, бидејќи ќе добие одврзани раце да владее во земјата. Владата исто така ќе биде таа која ќе реши кога ќе заврши вонредната состојба.

Унгарија веќе е во вонредна состојба, но таа може да трае само 15 дена без овластување од Парламентот. Со овој новопредложен закон ќе се продолжи тој рок  се додена не се сменат условите што ја предизвикале вонредната состојба, така што се очекува Парламентот откако ќе го изгласа овој нов закон, воопшто да не заседава оваа година.

Во практика новиот закон ќе значи дека  доколку некој не ја почитува пропишаната епидемиолошка изолација и нема да дозволи да биде контролиран, ќе биде казнет  до три години затвор.Исто така може да се заработи до пет години затвор за пласирање лажни вести или такви што можат да опструираат или да фрустрираат. Законот ќе се најде на гласање во понеделник.