Во Чешка има 2.062 потврдени случаи на Ковод-19


Уште три лица починале од Ковид-19 во Чешка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, со што бројот на загинати е девет. Земјата сега има 2.062 потврдени случаи, што претставува зголемување од 16 проценти во текот на изминатите 24 часа. Досега се извршени 31.137 тестови. Чешката влада вчера се согласи да им обезбеди на самовработените лица […]

Изминатото деноноќие 107 граѓани не го почитувале полицискиот час


Мерката за забрана на движењето во државава, во текот на изминатото деноноќие не ја почитувале 107 лица, од кои 35 се приведени, 47 се опоменати, а за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО. Од МВР соопштија дека во текот на вчерашниот ден на 18 лица им се издадени решенија за изолација, […]

Во Белгија нови 1.049 заразени


Во последните 24 часа, 1.049 луѓе во Белгија се позитивно тестирани за коронавирус, со што вкупниот број достигна 7.284. Со хоспитализирани 490 лица и 183 отпуштени во последните 24 часа, бројот на пациенти со Ковид-19 кои моментално се наоѓаат во болница изнесува 3.042. Од нив, 690 се на интензивна нега – зголемување за 85 во […]

Шведска забрани собирање на повеќе од 50 лица


Премиерот на Шведска во петокот соопшти дека собирите на повеќе од 50 лица ќе бидат забранети како дел од напорите на нордиската држава да го забави ширењето на коронавирусот. „Чекор по чекор, се донесуваат одлуки така што во секоја дадена ситуација ние создаваме најдобри услови за општеството и здравствената служба да се справат со оваа […]

(Видео) Боб Дилан објави песна за Џон Кенеди, која трае 17 минути


Американскиот кантавтор и нобеловец, Боб Дилан издаде нова авторска песна по осум години. Композицијата говори за убиството на прочуениот претседател на САД – Џон Ф. Кенеди. „Поздрав за сите мои обожаватели и следачи. Ви благодарам на поддршката и посветеноста сиве овие години. Ова е досега необјавена песна, којашто ја снимивме пред некое време и мислам […]

(ВИДЕО) Инфективната клиника ќе се прошири со мобилна болница


Министерот Венко Филипче најави  нова мобилна болница до Инфективната клиника  во Скопје со која ќе се дуплира капацитетот за прием на болни од корона вирусот. Мобилната болница ќе биде поставена наредната недела и со неа ќе се добијат уште  130 кревети. Таа болница ќе биде со тоалети и со суви ходници. Филипче оцени дека во […]

НЛБ Банка: Отплатата на кредитите ќе може да се одложи до шест месеци


Одложување на отплатата на кредитите на физичките лица до шест месеци, заклучно со 30 септември 2020 година, како и рефинансирање на постоечките кредити, одобрување нови кредити со можност за користење грејс период или редовна отплата на постоечките кредити по избор на клиентот е понудата на НЛБ банка, согласно уредбата за олеснување на договорните услови на […]

Во Германија за еден ден 6.000 новозаразени со корона вирус


Бројот на заразени со новиот корона вирусот во Германија изнесува 42.228 лица, што е за 5.780 повеќе од вчера. Од вирусот досега починаа 253 лица, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Горниот дом на германскиот парламент, Бундестагот го одобри владиниот пакет мерки за ублажување на економските последици од пандемијата на коронавирусот, во вкупен износ од 750 милијарди […]

И британскиот министер за здравство позитивен на коронавирус


По британскиот премиер Борис Џонсон, денеска и министерот за здравство на велика Британија, Мет Хенкок објави дека е позитивен на новиот коронавирус, пишува весникот „Мирор“. Откако развил симптоми во средата навечер, Хенкок бил тестиран и по добиениот позитивен резултат тој сега работи од дома. Џонсон, исто така, се наоѓа во самоизолација во Даунинг Стрит. Тој […]

Италија: За 24 часа починаа 712 луѓе


Италија се уште не го достигна врвот на заразата со корона вирус, изјави денеска шефот на националниот здравствен институт, откако во земјата за 24 часа беа потврдени 6.150 новозаразени и 712 смртни случаи. – Не го достигнавме врвот и не сме го минале, изјави Силвио Брусаферо на прес-конференција. Сепак, тој дополни дека има знаци на […]

Израел преплавен со гнев откако Ганц се здружи со Нетанјаху


Генералот Бени Ганц прифати да биде во иста влада со Нетанјаху и целосно ја подели неговата партија. Оние што гласаа за него се гневни   Тел Авив – Израел се движи кон влада на обединување, откако лидерот на опозицијата, Бени Ганц, се приближи кон договор со премиерот Бенјамин Нетанјаху, разочарувајќи ги гласачите кои се надеваа […]

Годинава стартува рудникот „Боров Дол“, од животно значење за „Бучим“


До крајот на годинава се очекува да почне со работа рудникот „Боров Дол“ кај Радовиш, со кој ќе се ќе се продолжи и работењето на „Бучим“. За таа цел, во наредните шест месеци ќе се изградат изливниот базен од површински коп, пречистителна станица, брана и акумулација, како и административна зграда со ресторан и амбуланта, бензинска пумпа […]

Увезените краставици од Албанија не ја нарушуваат состојбата на домашниот пазар


Во моментов нема нарушување на домашниот пазар од увезените албански краставици. Стабилна е состојбата и со раната зелка за која интензивно се бараат странски купувачи. Отстранети се и пречките за транспорт. За возачите веќе една недела не важи обврската да останат 14 дена во карантин, ако ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи имаат посебни дозволи. […]

(Видео од дрон) Пусти се светските метрополи


Од празна Будимпешта до пусти плажи во Бразил, градовите низ светот изгледаат како да се напуштени. Поголемиот дел од населението е повлечено во своите домови, со цел да се спречи брзото ширење на коронавирусот, па улиците се сосема празни, пишува Евроњуз. Снимката, која е направена со дрон во неколку градови низ светот, на почетокот го […]

(Видео) Пендаровски: Заслужено ново стратешко поглавје


Претседателот Стево Пендаровски, ги честита добивањето на одлука за почеток на преговори со Европската Унија и полноправното членство во НАТО. Почитувани сограѓани, Во овие денови на искушенија кога сме свртени кон своите најблиски, нашата држава направи клучен чекор кон остварување на стратешката цел за влез во Европската Унија. Лидерите на земјите-членки потврдија дека треба да […]

Светот во „војна“ – чија помош е реална, а чија пропагандна?


Препукувањето меѓу власта и опозицијата во Македонија околу справувањето со корона вирусот станува глобален феномен. На твитер и преку медиумите може да се види дека не само што се спори справувањето на многу светски лидери со кризата, туку и се води вистинска  пропагандна војна кој дава, а кој не дава помош на други држави погодени […]

Од Малта се вратија 118 граѓани, се чакаат нови од Загреб


Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство,  денеска организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб. Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации […]

„Благодарам“: Од Ајфеловата кула ќе се оддава почит тие кои се борат против коронавирусот


Со пораки испишани на Ајфеловата кула, секоја вечер, почнувајќи од денеска, ќе се оддава почит на луѓето што се мобилизираат во борбата против корона вирусот. На оваа туристичка атракција во Париз ќе биде испишано „Мерси“ (Благодарам), како и пораки кои ги охрабруваат луѓето да останат во своите домови. -Од петок, секоја вечер од 20 часот […]

Европскиот суд за човекови права запира со известувања за пресуди, но ќе продолжи со работата


Франција – Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој веќе објави дека презел „исклучителни мерки“ за негово функционирање како резултат на кризата со коронавирусот, денеска објави дека нема повеќе да известува за своите одлуки се до продолжување на нормалната активност, јави дописникот на МИА. -Судот одлучи да не известува повеќе за своите пресуди и решенија до […]

Кавадарци одлучи времено вработените во институциите во март да имаат ист статус како редовните


Сите вработени преку агенциите за привремени вработувања во јавните институции во март ќе имаат ист статус како редовно вработените. Вака е одлучено на состанокот што денеска се одржа во Кавадарци меѓу кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и директорите од јавните претпријатија и образовните институции. – Сето тоа е поради новонастанатата ситуација со Ковид-19 и затворањето на […]