Руските власти забранија извоз на маски и медицински производи


Поради ширењето на новиот коронавирус, руската Влада изрече привремена мерка забрана за извоз на некои медицински производи и опрема, вклучително и заштитни маски и антивирусни лекови, која ќе биде во сила до 1 јуни. Забраната ја потпиша рускиот премиер Миахил Мишустин. – Се изрекува привремена мерка за забрана за извоз од Руската Федерација на производи […]

По позитивниот Извештај на ЕК, политичките лидери очекуваат почеток на преговорите за членство


Извештајот на Европската комисија, објавен во понеделникот, во кој се даваат позитивни оценки за напредокот на земјава и одново се препорачува отпочнување на преговорите за членство, го зајакна оптимизмот кај домашните политичари и кај странските дипломати дека Европскиот совет ќе донесе одлука за старт на преговарачкиот процес. Премиерот Оливер Спасовски оцени дека Извештајот на Европската […]

Потврден осмиот случај на коронавирус во Грција


Грција- Маж од Солун, кој имал близок контакт со веќе заразена жена со новиот коронавирус, е осмиот потврден случај на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти претставникот на грчкото Министерство за здравство, професорот Сотирис Циодрас, задолжен за следење на состојбата со коронавирусот, мажот е во изолација, во болница во […]

Кери Бредшо тука ќе купуваше: Сара Џесика Паркер отвора продавница за чевли


САД- Славната актерка од „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер не можеше да замисли посовршен дом за новата продавница за следбениците на нејзиниот бренд за чевли. Следниот месец, Паркер ќе се исели од сегашната поп-ап продавница во долниот дел на Менхетен, и ќе ја завземе луксузната локација, која порано беше бутикот на кралот на чевлите […]

Што губи ДУИ од колицијата на СДСМ со Беса?


ЃОРЃИ СПАСОВ Ќе беше убаво и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да направеа предизборна коалиција со некоја партија од другите етнички заедници и да бараа глас и поддршка од сите граѓани на Македонија, а не само од припадниците на својот „етнички блок“   Во 2001 година Македонија беше на работ од своето распаѓање по етничките линии. Конфликтот […]

САД: Главни демократски претенденти се Бајден и Сандерс


САД- Поранешниот потпретседател Џо Бајден синоќа на гласањето во таканаречениот супер вторник доби мнозинство од 14 сојузни држави за изборите за демократска претседателска номинација, но сенаторот Берни Сандерс ги доби Калифорнија и можеби Тексас и освои најголем број делегати. Иако на изборите учествуваа уште четворица кандидати, во трката синоќа се истакнаа двајцата главни претенденди – […]

Прва посета на шеф на кипарската дипломатија на Скопје


Министерот за надворешни работи на Република Кипар Никос Христодулидес на покана од шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска ќе престојува во прва официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти МНР, министерот Христодулидес ќе биде примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Оливер Спасовски. -На средбата предвидено е да се разговара […]

Светската банка ќе подели 12 милијарди долари помош заради коронавирусот


САД– Светската банка издвоила 12 милијарди долари за пaкетот итна помош на земјите погодени од коронавирусот за да ги ублажат економските последици од епидемијата. Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, изјави дека се уште има „многу непознаници“ за прашањето на ширењето на вирусот и дека можеби ќе требаат „многу повеќе пари“, пренесуваат британските медиуми. Тој […]

Облачно со повремени пороен дожд и ветер


Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час). Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а дневната од 5 до 17 степенi. Во Скопје облачно […]

Пендаровски на средба со министри на држави од групата „Пријатели на проширувањето“


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ги прими министрите за надворешни работи на Литванија, Латвија, Полска и потсекретарот за европски работи на Естонија, чиишто земји, членки на Европската Унија се дел од групата „Пријатели на проширувањето“. На средбата, претседателот Пендаровски изразил благодарност за нивната силна и постојана поддршка за интеграцијата на Република Северна Македонија […]

Тројца патници од Италија и Шпанија тестирани на коронавирус, резултатите негативни


Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на коронавирус се тестирани тројца патници чии резултати се негативни. Станува збор за македонски државјани, од кои двајца допатувале од Италија и еден од Шпанија. Министерството наведува дека тие биле тестирани по денешната изјава на министерот Венко Филипче во Куманово, каде што […]

Жбогар: Ѕвездите се местат за старт на преговорите за членство во ЕУ


Северна Македонија ја заврши својата задача и сега на ред се земјите членки, но мислам дека ѕвездите се местат и се надеваме конечно да видиме одлука за старт на преговорите за членство, изјави амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар. – Вашата земја ја заврши својата задача, спроведувајќи ги сите реформи, вклучително и усвојувањето на […]

Црната кампања уште сега удри силно


Комуниколозите сметаат дека со ваквиот пристап не можат да се придобијат неопределените граѓани, односно оние кои сѐ уште не се одлучиле дали и за кого ќе гласаат на изборите. Или, ефектот е многу мал   Уште непочната официјално кампањата за предвремените парламентарни избори, партиите на големо ги активираа своите штабови и не штедат средства да […]

Бројот загинати од торнадо во Тенеси се зголеми на 22


Од торнадото кое изутринава, по локално време, го погоди Тенеси, загинаа најмалку 22 лица, повеќемина се повредени, а околу 50 илјади домаќинства и бизниси останаа без струја. Урнати се десетици згради, помали аеродроми и хангари. Загинатите се во четири најпогодени окрузи: Дејвидсон (во Нешвил), Путнам, Бентон и Вилсон. Торнадото се појавило во Камден, мало гратче […]

Боки 13 останува во притвор, одбиена гаранцијата од 143.000 евра


Апелациониот суд ја отфрли жалбата на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и гаранцијата од околу 143.000 евра која ја понуди за да излезе од притвор. Јовановски познат како Боки 13 приложи и медицинска документација за чир на желудник, а во притвор е повеќе од седум месеци. Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева која е […]

Нови судири меѓу демонстранти и полиција во Чиле


Во Чиле повторно избија судири меѓу демонстранти и полицијата, поради што се уапсени стотина луѓе и затворени се некои метро станици во главниот град Сантјаго. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, демонстрантите ги запалиле барикадите на неколку главни улици, поради што некои автобуски линии времено биле затворени. Министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел напиша […]

Јанез Јанша и официјално е мандатар за состав на новата словенечка Влада


Со 52 гласови „За” словенечкото Собрание го изгласа Јанез Јанша за нов мандатар за состав на Влада. Гласањето беше тајно, а беше по предлог на претседателот на државата Борут Пахот, откако по состаноците со парламентарните партии беше јасно дека е формирана нова мнозинска коалиција меѓу СДС (Словенечка демократска партија), СМЦ (Партија на Модерен Центар), ДеСУС […]

Видео: За работа во Германија само со призната диплома и понуда за вработување


Од 1 март во Германија стапи во сила новиот Закон за доселување стручњаци кој се однесува на квалификувани работници од земји надвор од ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија. Денес, со видео порака до граѓаните на Македонија се обрати и германскиот амбасадор во Скопје, Томас Герберих, појаснувајќи ја постапката за вработување  на стручни лица во Германија, […]

Влада: Системот за управување со мигрантската криза е подготвен и функционален за да одговори на предизвиците


Владата на денешната 13-та седница го разгледа извештајот на Управувачкиот комитет за координација и справување во системот за управување со кризи за состојбата со мигрантската криза и донесе повеќе заклучоци кои тргнуваат од фактот дека земјава веќе има воспоставен систем за управување со мигрантската криза. Владата заклучи дека системот е подготвен и функционален за да […]

Хакери повеќе месеци одземале информации од кабинетот на чешкиот претседател


Странски хакери се поврзале со компјутерската мрежа во канцеларијата на чешкиот претседател и неколку месеци одземале информации со непозната содржина, објави чешката државна телевизија, повикувајќи се на Службата за заштита на личните информации. – Експерти за информатичка технологија открија дека информациите од компјутерската мрежа на претседатескиот кабинет неколку месеци се префрлани до странски ИП адреси. […]