Руските власти забранија извоз на маски и медицински производи


Поради ширењето на новиот коронавирус, руската Влада изрече привремена мерка забрана за извоз на некои медицински производи и опрема, вклучително и заштитни маски и антивирусни лекови, која ќе биде во сила до 1 јуни.

Забраната ја потпиша рускиот премиер Миахил Мишустин.

– Се изрекува привремена мерка за забрана за извоз од Руската Федерација на производи од приложениот список, со исклучок кога се во состав на хуманитарна помош, заснована врз одлука на Владата, како и увоз на делови и материјали кои се дел од овие производи од страна на поединци, се вели во одлуката.

Министерството за индустрија и трговија соопшти дека на списокот има заштитни очила, опрема за респираторна заштита, антивирусни лекови, раквици и одела.

– Напоменувам дека оваа уредба не се однесува на производи што би биле испратени како меѓународна хуманитарна помош (вклучително и на Кина), изјави министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров.

Според претходните извештаи, во Русија дневно се произведуваат околу 1,5 милиони заштитни медицински маски