Светската банка ќе подели 12 милијарди долари помош заради коронавирусот


Предвидениот раст на БДП за земјава годинава е минус 0,4 отсто, а за наредната 3,7 и во 2022 година 3,6 отсто

САД– Светската банка издвоила 12 милијарди долари за пaкетот итна помош на земјите погодени од коронавирусот за да ги ублажат економските последици од епидемијата.

Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, изјави дека се уште има „многу непознаници“ за прашањето на ширењето на вирусот и дека можеби ќе требаат „многу повеќе пари“, пренесуваат британските медиуми.

Тој ги повика државите да ги координираат акциите на регионално и на меѓународно ниво и додаде дека брзината и обемот на помошта се од клучно значење за спасување на животите.