Едно лице почина од високите температури во Албанија


Тропските горештини ја однесоа првата жртва во Албанија. Станува збор за 77-годишен жител од градот Кучово, кој од случајни минувачи бил најден на улица во безсознание, на неколку километри оддалеченост од неговиот дом. Веднаш бил траспорторан во регионалната болница во Берат но лекарите само констатирале смрт. -По извршената судско-медицинска проверка врз жртвата, Ферит Кучи, било …

Едно лице почина од високите температури во Албанија Read More »

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” со награда за сценарио во Казахстан


Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 15. филмски фестивал Евроазија во Казахстан ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска. Месецов филмот ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и негова кино дистрибуција во Кина. Во рамки …

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” со награда за сценарио во Казахстан Read More »

Власта во дефанзива – довербата се рони


Во последниве недели, па и месеци, Владата е под жесток притисок од опозицијата (што е сосема очекувано, бидејќи тоа е нејзина работа), но и од демократската јавност, што е многу поболно оти нејзината критика е далеку пореална. Тамам еден оган ќе згасне, друг ќе се запали. Џебовите на незадоволство се шират. Ова е, велат политичките …

Власта во дефанзива – довербата се рони Read More »

Скандал во германската војска: Продаден лаптоп со доверливи информации


  Германската војска продала користен лаптоп од кој не биле избришани доверливи информации, објавија германските медиуми, а пренесе хрватскиот портал Индекс.хр. Според пишувањето на „Зидојче цајтунг“, се покажало дека не се избришани податоци за оперативни инструкции за лансирната рампа за марс, кои се класифицирани како „доверливи информации – само за службена употреба“. Тие податоци останале …

Скандал во германската војска: Продаден лаптоп со доверливи информации Read More »

За една недела санкционирани 292 непрописно паркирани возила во Општина Центар


ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје минатата недела санкционираа 292 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. – Во периодот од 1-ви до 8-ми јули годинава со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 147 непрописно паркирани возила, од кои …

За една недела санкционирани 292 непрописно паркирани возила во Општина Центар Read More »

На „Егзит“ уапсени 96 лица, запленети 22 килограми дрога


Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ рече дека на фестивалот во Нови Сад „Егзит“ биле запленети 22 килограми дрога, а уапсени биле 96 лица. Стефановиќ рече дека биле ангажирани голем број полицајци, но и цивили кои работат на наоѓање на секој грам дрога. Претходно, организаторите преку соопштение истакнаа дека од основањето фестивалот „Егзит“ се …

На „Егзит“ уапсени 96 лица, запленети 22 килограми дрога Read More »

Димитров на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ во Словачка


На покана на словачкиот министер за надворешни и европски работи и претседавач на ОБСЕ, Мирослав Лајчак, шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе учествува на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ што денеска и утре ќе се одржи во Штрбско Плесо – Високи Тарти, во Словачка.  Како што соопштија од МНР, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи ќе се разменат …

Димитров на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ во Словачка Read More »

Откажан концертот на Томпсон во Словенија


Министерството за одбрана на Словенија одби да издаде дозвола за концертот на Марко Перковиќ Томпсон. По одлуката на судот во Марибор дека забраната на концертот на Марко Перковиќ Томпсон во тој град била незаконска пред две години, тој најави нов концерт, но Министерството за одбрана на Словенија одби да му издаде дозвола. Концертот на Томпсон, …

Откажан концертот на Томпсон во Словенија Read More »

Се воведуваат 10 нови празници, предлог-законот пред пратениците


Десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“, ќе се воведат во земјава, а предлог-законот за празници, денеска е пред пратениците во прво читање. Со ова, свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Египќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија. Ова …

Се воведуваат 10 нови празници, предлог-законот пред пратениците Read More »

Стиви Вондер го чека трансплантација на бубрег


Англија– Музичката легенда Стиви Вондер (69) на концертот кој го одржа синоќа во Лондон, откри дека го чека трансплантација на бубрег. „Јас сум добар, имам донатор и сè е во ред”, рече Вондер на концертот што се одржа на музичкиот фестивал „Бритиш самер тајм Хајд Парк“ во Лондон. По пеењето на песната „Суперстишн”, тој и …

Стиви Вондер го чека трансплантација на бубрег Read More »

Бр. 453


Анита Салтировска – На небеските проблеми им треба тврдо приземјување Како што живеам така и се облекувам, едноставно Последните години на текстилот Промена на владата во Грција по изборите Власта во дефанзива – довербата се рони Мурињо одби 100 милиони евра за работа во Кина

Тешко повредени мотоциклист и велосипедист, казнети 130 пијани возачи


Мотоциклист и велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди, а 12 лица се лесно повредени во девет од вкупно 23 регистрирани сообраќајни незгоди изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 14 сообраќајки е причинета материјална штета. Поради поголема брзина од дозволената од сообраќај се исклучени 130 возачи, 51 возач под дејство на алкохол, 74 …

Тешко повредени мотоциклист и велосипедист, казнети 130 пијани возачи Read More »

Гуаидо најави обновување на дијалогот со Владата на Мадуро


Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо вчера соопшти дека ќе се обнови дијалогот со Владата на претседателот Николас Мадуро. Дијалогот се враќа на преговарачката маса во Барбадос, со посредничка улога на Норвешка, но не се прецизира кога, јавија западните агенции. Средбата на карипскиот остров со „претставници на узурпаторскиот режим” треба да послужи за „почнување преговори …

Гуаидо најави обновување на дијалогот со Владата на Мадуро Read More »

Текстилот ги живее последните години


Штип – Пред нашата текстилна индустрија, која вработува и социјално ситуира околу 35 000 работници, не стои розова иднина. Напротив, мислењата на менаџерите во оваа стопанска гранка се неподелени – дека нашиот текстил најверојатно ја живее својата последна деценија. Според нашите соговорници, има повеќе елементи кои влијаат врз падот на сите параметри кои се значајни …

Текстилот ги живее последните години Read More »

(Фото+Видео) Невреме во Франција


Големо невреме го зафати вчера францускиот регион Оверња-Рона-Апли, каде паѓал град со величина речиси колку тениско топче, а регистрирани се рекордни 73.700 молњи. Метеоролошкиот завод во саботата издаде портокалово предупредување за целата земја, а овој регион кој се наоѓа на границата со Италија и Швајцарија, е најпогоден од невремето. На социјалните мрежи се појавија голем …

(Фото+Видео) Невреме во Франција Read More »

Леброн го отстапи бр.23 на Ентони Дејвис


Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс го исполни ветувањето и се откажа од бр.23 во корист на новото засилување на тимот од Калифорнија – Ентони Дејвис. „Кралот“ закачи слика во Инстаграм, на која позира заедно со Дејвис, а двајцата држат дрес на „езерџиите“ со името на поранешната ѕвезда на Њу Орлеанс и досегашниот број …

Леброн го отстапи бр.23 на Ентони Дејвис Read More »

Борисов: Знам колку прашањето за Косово е болно за Србите


Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека не и дозволил на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева остро да реагира на изјавата на нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ , бидејќи, како што истакна, „знае колку прашањето за Косово е болно за Србите“. Борисов ова го изјави вчера на конгресот на владечката партија Герб во Софија, пренесоа …

Борисов: Знам колку прашањето за Косово е болно за Србите Read More »

Грците ја избраа новата влада и отидоа на плажите


Атина – Грците вчера гласаа на изборите што ги свика премиерот Алексис Ципрас, три месеци пред регуларниот термин. Опишувајќи ги изборите како „ден на демократијата“, Ципрас побара од речиси 10-милионскиот електорат да не ја испушти можноста, а особено младите Грци и да се појави на избирачките места. „Грците одлучуваат за правецот што земјата ќе го …

Грците ја избраа новата влада и отидоа на плажите Read More »

Жозеп Борел – недипломатскиот дипломат


Тој најверојатно беше најизненадувачки – и најверојатно најконтроверзен – избор на целиот пакет за функциите во ЕУ: Жозеп Борел, актуелен министер за надворешни работи на Шпанија. Додека поддржувачите на посилна надворешна политика на ЕУ ја поздравуваа номинацијата на Урсула фон дер Лаен за шеф на Комисијата, името на Шпанецот како шеф на надворешната политика на …

Жозеп Борел – недипломатскиот дипломат Read More »

Дуа Липа во врска со братот на Џиџи и Бела Хадид


Англија- Странските медиуми се распишаа за новата ѕвездена двојка на сцената. Поп-ѕвездата Дуа Липа е во врска со Анвар Хадид, помладиот брат на манекенките Бела и Џиџи Хадид. 23-годишната Липа утеха, по раскинувањето на повеќегодишната нестабилна врска со познатиот готвач Ајзак Кару, ја пронашла во три години помладиот манекен Анвар. А, веста за романсата ја …

Дуа Липа во врска со братот на Џиџи и Бела Хадид Read More »