Скандал во германската војска: Продаден лаптоп со доверливи информации


 

Германската војска продала користен лаптоп од кој не биле избришани доверливи информации, објавија германските медиуми, а пренесе хрватскиот портал Индекс.хр.

Според пишувањето на „Зидојче цајтунг“, се покажало дека не се избришани податоци за оперативни инструкции за лансирната рампа за марс, кои се класифицирани како „доверливи информации – само за службена употреба“.

Тие податоци останале на компјутерот, како што се претпоставува, затоа што претходно не бил избришан хард дискот, а германското министерство за одбрана соопшти дека корисникот кој го купил тој лаптоп не може да има „никаков пресуден увид од упатствата за ртакетната рампа“.

Сѐ е откриено кога еден бавараски шумар купил четири лаптопи преку „и-беј“ од организација која продава користени владини комјутери „Вебег“, и тоа во 2018 година.

Според германските медиуми, еден од лаптопите сѐ уште имал инсталиран оперативен систем и ако на името на последниот корисник би се вметнала лозинка, тој би се отклучил. Шумарот на почетокот на годинава за сѐ го известил министерството.

Министерството за одбрана потоа го потврди целиот случај и најави дека ќе спроведе сериозна истрага за користењето на нивната расходувана ИТ опрема. Исто така, се покаќа дека сличен инцидент се случил и во 2016 година, којга уште еден лаптоп со неизбришан хард диск бил пронајден преку Вебег.

Но, министерството соопшти дека веќе не може да утврди дали и на тој компјутер имало доверливи податоци.

Баварскиот шумар го вратил спорниот лаптоп, додека останатите три ги задржал.