Силен земјотрес во Франција, има повредени


Најмалку четири лица се повредени во земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, кој го потресе југот на Франција, јави францускиот дневник „Фигаро“. Весникот наведува дека причинета е и материјална штета. Земјотресот се случи во регионот Дром, меѓу Лион и Марсеј, околу пладне, со епицентар кај градот Монтелимар, пренесе АП.

Компaнија што произведува пластични ќеси, со владина поддршка ќе рециклира пластика


Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со министерот без ресор посветен на подобрување на инвестициската клима во Северна Македонија, Хисен Џемаили и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи ја посетија компанијата „ЕУРО БЛУ“ во Тетово. Компанијата е потписник на договорот за државна помош согласно Законот за финансиска поддршка за инвестиции од Планот за економски раст. Министерот …

Компaнија што произведува пластични ќеси, со владина поддршка ќе рециклира пластика Read More »

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас в среда во Скопје


Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас во среда ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Мас ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров. На средбата, како што најави МНР, ќе бидат разменети мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет …

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас в среда во Скопје Read More »

Таксист нападнал жена на бул „Борис Трајковски“


Во понеделникот утрото, околу 5.10 часот во СВР Скопје, Т.С.(41) од Скопје пријавила дека била физички нападната од таксист.   Имено, нападот се случил околу 4.45 часот на ул. „Борис Трајковски“, по претходна расправија, а таа рекла дека била физички нападната од едно лице кое управувало такси возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се фрлале предмети на спортски натпревари


На два одделни натпревари навивачи фрлале предмети кон судии и играчи, а има и повредени. Имено, во неделата, околу 15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на Спортско – рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, за време на одржување на спортски натпревар во рамките на втората фудбалска лига – Запад, М.С.(38) од Дебар го …

Се фрлале предмети на спортски натпревари Read More »

„Пејпар Мил“ доби забрана за работа оти го загадуваше Кочани


Државниот инспекторат за животна средина на 8 ноември донесе решение со кое се забранува работата на правниот субјект „Пејпар Мил“ од Кочани заради континуирано надминување на граничните вредности за дозволени емисии на загадувачки супстанци во отпадните гасови што излегувале од котларницата на оваа компанија. Решението за забрана е во рок од 30 дена, и во …

„Пејпар Мил“ доби забрана за работа оти го загадуваше Кочани Read More »

Предупредување поради Балканот и отворено писмо од десет поранешни шефови на дипломатии до ЕУ


Десет поранешни шефови на дипломатии на европски земји ја предупредија ЕУ во отвореното писмо дека не смее да дозволи ширење на геополитичката нестабилност на Балканот. „Стабилноста, демократијата и просперитетот во југоисточна Европа директно се поврзано со консолидација на европскиот проект и комплетирање на обединување на континентот со пристапување на земјите од Западен Балкан, што е …

Предупредување поради Балканот и отворено писмо од десет поранешни шефови на дипломатии до ЕУ Read More »

Нова поштенска марка за 75-годишнината од ослободувањето на Скопје


Нова поштенска марка по повод 75 години од ослободувањето на Скопје беше промовирана денеска, во присуство на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на Македонски пошти, Ејуп Рустеми. – Во пресрет на одбележувањето на 75 години од ослободувањето на Скопје, а како резултат на многугодишната соработка со Поштата на Северна Македонија, на огромно задоволство …

Нова поштенска марка за 75-годишнината од ослободувањето на Скопје Read More »

Собранието утре ќе избира заменик-министер за здравство – предложен Арменд Арслани


Собранието утре ќе ја одржи 120. седница на која треба да биде избран заменик-министер за здравство. Владата за нов заменик-министер за здравство го предлага Арменд Арслани, специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медицина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга. Арслани треба да дојде на местото …

Собранието утре ќе избира заменик-министер за здравство – предложен Арменд Арслани Read More »

Заев за 27 април: Се плашев за својот живот


Премиерот Зоран Заев сведочеше во случајот поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието,и рече дека како никогаш дотогаш стравувал дека ќе го загуби животот. „Имав страв дека ќе ми заврши животот“, рече Заев. Заев сведочеше во случајот против обвинетиот Илија Петрушевски, вработен во државна служба, во затворот во Идризово. Тој на тоа место работел …

Заев за 27 април: Се плашев за својот живот Read More »

Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Атина


Пред Економскиот факултет во Атина дојде до судир меѓу група од околу 80 луѓе кои влегоа во зградата на факултетот и полицијата која се обиде да ги изнесе. Во меѓувреме, сенатото на Универзитетот одлучи дека факултетот нема да работи до 17 ноември кога се одбележува годишнината на Атинското востание, односно студентските протести од 1973 година, …

Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Атина Read More »

МФ анализа: Зошто јас да плаќам повеќе, ако тој не плаќа воопшто?


Приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход се помали за 51,2 проценти во однос на потенцијалот, покажува анализата на Министерството за финансии насловена „Како до сеопфатен, фер и ефикасен данок вo Република Северна Македонија“, објавена на веб-страната на Министерството. Вкупно, износот на остварени приходи само од прогресивната …

МФ анализа: Зошто јас да плаќам повеќе, ако тој не плаќа воопшто? Read More »

Поскапуваат горивата


Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цела на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 денари, а 70,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денара, екстра …

Поскапуваат горивата Read More »

Со повеќе од 5 милиони денари ќе се уредува крајбрежјето на Дојран


Министерството за локална самоуправа преку програмата за рамномерен регионален развој ја финансира реализацијата на проектот „Хортикултурно и партнерно уредување на езерското крајбрежје и формирање на плажа на овој дел од брегот на Дојранското езеро“ со 4.243.000 денари, а општината го кофинансира со 400.000 денари. „Секоја година преку програмата за рамномерен регионален развој Министерството за локална …

Со повеќе од 5 милиони денари ќе се уредува крајбрежјето на Дојран Read More »

Ситуацијата во „ОХИС“ под контрола, нема место за паника


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска изјави дека сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во петокот во „ОХИС“. – Инспекторите го пишуваат извештајот и сега ги чекаме анализите од лабораторијата за да видиме дали има преостанат ризик. Нема место за паника. Нема …

Ситуацијата во „ОХИС“ под контрола, нема место за паника Read More »

Почина долгогодишниот директор на НЛБ, Љубе Рајевски


По тешко боледување вчера почина долгогодишниот директор и член на Управниот одбор во НЛБ банка, Љубе Рајевски. Роден е на 11 март 1955 година во Скопје. Рајевски како долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ банка придонесе во развојот од штедилница до една од водечките банки во земјата и НЛБ групацијата. Беше активен …

Почина долгогодишниот директор на НЛБ, Љубе Рајевски Read More »

Тричковски и Алиоски отпаднаа поради повреда, Ангеловски дециден: Секој што игра за репрезентацијата мора да има мотив


Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за последните два квалификациски натпревари против Австрија (16. ноември) и Израел (19. ноември) од циклусот за пласман на ЕП 2020. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски се соочува со проблеми околу составот, бидејќи Езџан Алиоски поради повреда нема да биде дел од тимот, а извесно е дека и …

Тричковски и Алиоски отпаднаа поради повреда, Ангеловски дециден: Секој што игра за репрезентацијата мора да има мотив Read More »

За 9 часа продале стока во вредност од 22,6 милијарди долари, во првата минута „свртеле“ милијарда!


Кинескиот гигант во електронска трговија, Алибаба, за првите десет часа од „Денот на самците“, продала стока во вредност од 158,31 милијарди јуани (22,63 милијарди долари). Тоа е 25 проценти повеќе во однос на продажбата во првите девет часа на истиот ден минатата година. „Денот на самците“, кинескиот пандан на американскиот „Црн петок“ и „Сајбер понеделник“, …

За 9 часа продале стока во вредност од 22,6 милијарди долари, во првата минута „свртеле“ милијарда! Read More »

„Импулс#волумен14“ на Скопје танцовиот театар во МКЦ


Вечерва, во Младинскиот културен центар, во 20 ч., ќе се одржи претставата „Импулс#волумен14“ на Скопје танцовиот театар. Претставата е составена од повеќе делови, во кореографија на Рисима Рисимкин, Дејан Битровски и гостинот–кореограф, Шимон Кубан од Прага од Републикa Чешка. Шимон КУбан, како кореограф, нашата публика можеше да го запознае преку неговата извонредна кореографија „База“ за танчерите на КОДАРТС, кои настапија во претставата …

„Импулс#волумен14“ на Скопје танцовиот театар во МКЦ Read More »

Катастрофална одлука на ЕУ, Македонија се соочува со политичка криза и долгорочна дестабилизација


„Одлуката на ЕУ да не отвори пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија е катастрофална“. Тоа го изјави Волфганг Ишингер, претседателот на Минхенската конференција за безбедност и германски дипломат со долгогодишно искуство. „Политичките трошоци на оваа одлука веќе се очигледни – Северна Македонија се соочува со политичка криза и возможна долгорочна дестабилизација. Останатите држави од …

Катастрофална одлука на ЕУ, Македонија се соочува со политичка криза и долгорочна дестабилизација Read More »