Предупредување поради Балканот и отворено писмо од десет поранешни шефови на дипломатии до ЕУ


Десет поранешни шефови на дипломатии на европски земји ја предупредија ЕУ во отвореното писмо дека не смее да дозволи ширење на геополитичката нестабилност на Балканот.

„Стабилноста, демократијата и просперитетот во југоисточна Европа директно се поврзано со консолидација на европскиот проект и комплетирање на обединување на континентот со пристапување на земјите од Западен Балкан, што е процес започнат пред 30 години“, се наведува во писмото кое го пренесе бриселскиот портал Euractiv.com.

Писмото го потпишаа поранешните шефови на дипломатиите на шест членки на ЕУ (Германија, Австрија, Грција, Кипар, Хрватска и Бугарија) и четири кандидати за членство (Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија).

Поранешните министри наведуваат дека „тврдоглавото противење“ на почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува влијанието на ЕУ на сопствениот праг и нејзината способност стратешки да влијае на југоисточна Европа.

Тоа, според потписниците на писмото, е стратешка грешка која го помага засилувањето на статусот кво на Балканот и инертноста на ЕУ во се покомплицираната геополитичка ситуација во светот. Поради тоа ЕУ мора да придонесе за стабилност и безбедност во југоисточна Европа и пристапувањето на Западен Балкан да го смета за одговорна политика наместо товар.

Наведено е, како што пренесува Euractiv.com, дека процесот на пристапување кон ЕУ е од голема важност за демократијата, владеењето на правото и социјално-економските стандарди во земјите од Западен Балкан, како и дека во тие земји психолошки е важно чувството за поврзаност кон ЕУ.

Тука е и прашањето за доверба, со оглед на тоа дека лидерите на ЕУ во 2003. година му ветија на Западен Балкан членство. Ако дојде до тоа ветувањата на ЕУ веќе да не вредат, ќе биде се потешко да се постигнат компромиси, да се решаваат билатералните спорови и да се создава позитивна енергија, наведуваат некогашните министри.

Според нивните зборови, тоа би можело да предизвика внатрешни проблеми во Северна Македонија и Албанија, а исто така ги руши разговорите меѓу Србија и Косово и ги засилува силите кои тежнеат кон распад на Босна и Херцеговина.

„Процесот на пристапување кон ЕУ на Западен Балкан е и процес на изградба на држави и истовремено стабилизација на целиот регион. Тоа е клучна стратегија за исполнување на глобалното политичко влијание на ЕУ“, се наведува во писмото.

Наведено е дека е неопходно ЕУ да делува независно и да ја засили својата надворешнаполитика и одбрамбените капацитети како и дека на следниот самит ќе им додели датум за почеток на преговорите на Скопје и Тирана.

Писмото го потпшаа поранешните министри за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел, Австрија Карин Кнајсл, Грција Никос Коцијас, Кипар Јоанис Касоулидес, Бугарија Кристијан Вигенин, Хрватска Весна Пушиќ, Северна Македонија Никола Попоски, Албанија Дитмир Бушати, Црна Гора Игор Лукшиќ и некогашна СР Југославија Горан Свилановиќ.