Таксист нападнал жена на бул „Борис Трајковски“


Во понеделникот утрото, околу 5.10 часот во СВР Скопје, Т.С.(41) од Скопје пријавила дека била физички нападната од таксист.

 

Имено, нападот се случил околу 4.45 часот на ул. „Борис Трајковски“, по претходна расправија, а таа рекла дека била физички нападната од едно лице кое управувало такси возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.