Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Атина


Пред Економскиот факултет во Атина дојде до судир меѓу група од околу 80 луѓе кои влегоа во зградата на факултетот и полицијата која се обиде да ги изнесе.

Во меѓувреме, сенатото на Универзитетот одлучи дека факултетот нема да работи до 17 ноември кога се одбележува годишнината на Атинското востание, односно студентските протести од 1973 година, пренесе АНА.

Порано, полицијата за разбивање на демонстрантите употреби солзавец за да ги спречи собраните кои ги гаѓаа со камења и други предмети.