Приведен алкохоличар што палел сѐ и сешто кај Саем, пожаринкарите го изгаснаа огнот


Дежурните екипи на Инспекторатот на град Скопје во напуштен објект во близина на Скопски саем лоцирале палење на секаков вид отпад од страна на лице во алкохолизирана состојба. Се работи за лице познато на полицијата кое во изминатиов период секојдневно го повторува делото, истото е приведено, велат од Инспекторатот. Веднаш биле повикани противпожарните екипи од […]

Скопје во новогодишно руво на 1 декември: Дигитализирана елка на Плоштад


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, најави дека оваа Нова година елката на централниот плоштад во Скопје ќе биде дигитализирана. Новата елка и „Винтерленд“ градоначалникот ги наброја како дел од напорите Скопје да го направи поатрактивна регионална дестинација. „Лани, кога го промовиравме ‘Винтерленд’, наидовме малку на скепса, но потоа излезе дека тоа е место што треба да […]

Скопје во сино во чест на Светскиот ден на детето


Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето, синоќа и денес , зградите и обележјата во Скопје ќе се осветлат во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата. „Осветли во сино“ за Светскиот ден на детето е глобална иницијатива. Постојат најави дека Европскиот парламент во Брисел, кулата […]

Национален ден на Монако: Кралското семејство на балкон


Монако- Вчера во Монако се одбележа Националниот ден, познат и како Ла Фит ду Пренс, кој го слави владеечкиот монарх. Алберт Втори, принцот од Монако и целото негово семејство по традиција, се појавија на балконот од кралската палата, а потоа им се придружија на сонародниците. Но, никој не очекуваше дека  малите принцеви и принцези од […]

ОФИЦИЈАЛНО: Мурињо нов менаџер на Тотенхем


Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, и официјално е именуван за нов менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Во текот на вчерашниот ден, популарните „петли“ и официјално ставија крај на 5-годишната соработка со аргентинскиот тренер Маурицио Покетино, а неколку часа подоцна, преку официјално соопштение беше потврдено дека „специјалниот“ ќе седне во менаџерското столче.

Димитров во Брисел на средба со сојузниците од НАТО


  Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата кој претставува последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември. Димитров учествува на состанокот на покана на генералниот секретар на НАТО […]

Ангеловска: Ги подобруваме условите за младите да не си одат од земјава


Преку Национална стратегија за развој на човечки капитал и низа мерки, ќе се работи на долгорочно подобрување на искористувањето на човечкиот потенцијал, како и на задржување на младите во земјава. Преку континуирано вложување во здравството, образованието и социјалната грижа и мерки како дуалното образование, ќе се подобрува продуктивноста и респонзивноста на младите на пазарот на […]

Милошоски: Подобро Катица дома, отколку Заев во Аргентина


  Пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил напиша дека вчерашната одлука поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, да се пушти во домашен притвор, покажала демант на манипулациите на премиерот Заев и неговата вмешаност во случајот „Рекет“. -За време на преговорите за Законот за обвинителство, премиерот во заминување Заев, се пофали дека тој е во […]

МВР демантира дека има изградба на мигрантски кампови во нашата држава


Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите и дезинформациите пласирани во одредени медиуми за некаква изградба на кампови за мигранти на територијата на Република Северна Македонија. Станува збор за лага со цел да се манипулира јавноста. На министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ- Западен Балкан што денеска се одржа во Скопје темата […]

Заев за Њујорк Тајмс: Се кршам одвнатре


Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за весникот Њујорк Тајмс објавено во вторникот предупредува дека запирањето на проширувањето на ЕУ може да предизвика драматични поместувања во целиот регион. „Се кршам одвнатре“ вели Заев во разговорот за американскиот весник кој, таа изјава ја става и во насловот на текстот. „До пред само два месеци, лидерот на […]

Рускоска: Ќе покренам финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор


Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. – Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави Рускоска за МИА. Јанева вчера попладне ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор откако […]

Дигитален рај во Токио


Дигитален рај – е првата асоцијација за Музејот за дигитална уметност во Токио, кој е прв таков во светот и привлекува огромен број посетители секојдневно. Под мотото свет без граници, музејот е отворен во квартот Одаиба минатата година и е неповторливо место каде боите го убиваат сивилото на секојдневнината.Чувството дека сте во рајот е толку […]

Живот со „Панасоник“ во „паметен“ дом и со кафе што ќе ви го свари компјутерот


Ѕидови и плакари што зборуваат, дигитална домашна помошничка што ќе ви помогне да сварите чај или  кафе, дигитално огледало што ќе ви каже како сте денес и колку ви е притисокот, плакар што ќе ги отстранува вирусите и ќе ви мери колку ви е дома загадувањето, домашно милениче – роботче што ќе ви ги носи […]

Туск и Пленковиќ за почетокот на преговорите на преговорите со Македонија и Албанија


Европската унија треба повторно да постигне единство околу проширувањето по одлуката на Северна Македонија и Албанија да не им се даде „зелено светло“ за старт на преговорите. „Недонесувањето на одлуката за Македонија и Албанија е големо разочарување, но нема да престанам да бидам оптимист“, изјави Туск и додаде дека треба да се направи се за […]

Хрватска го поддржа писмото на министрите за надворешни работи за Македонија, но не го потпишува


Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија до ЕК го испратија министрите за надворешни работи на шест земји членки на ЕУ, но не го потпишала. Тоа во Брисел го изјави државната секретарка во хрватското Министерство за надворешни и европски прашањаа Андреја Метелко Згомбиќ и објасни дека Хрватска не го потпишала […]

Делови од славната базилика во Венеција се непоправливо оштетени


Големите поплави во Венеција минатата недела нанеле сериозни штети на некои мозаици и столбови во базиликата Свети Марко, објавуваат локалните медиуми, нагласувајќи дека некои елементи се непоправливо оштетени и мораат да бидат заменети. Меѓу оштетените работи се и неколку подни мозаици на десната страна од зградата, кои прикажуваат слики од пауни и прекривка од цвеќе, […]

Членките на ЕУ поделени околу францускиот предлог


Некои земји членки ја изразија својата поддршка, а другите се воздржани кон идеите на Париз, велат во Советот на ЕУ. Претседавачот со Советот на ЕУ, Тити Тупураинен, изјави дека министрите на Унијата на состанокот во Брисел разговарале за општата состојба во областа на политиката за проширување и европската перспектива на Западен Балкан. Иако во Брисел […]

Членството на Македонија во НАТО не е доведено во прашање


Членството на Северна Македонија во НАТО не се доведува во прашање, се чека завршување на процедурата во сите членки, изјави официјалното лице на НАТО, Џејмс Апатураи. Единствената отежнувачка околност е застојот во Шпанија, поради формирањето на владата, изјави Апатураи, заменик помошникот генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика. „Таму имавме воени операции […]

Случај Епстин: Затворските чувари обвинети за лажирање податоци


Двајца затворски чувари чија задача била да го чуваат Епстин во ноќта кога почина обвинети се за лажирање на податоци, јавува ББЦ. Епстин беше уапсен на 6. јули поради обвинувања за организирање на малолетничка проституција. Обвинителите во обвинувањето наведоа дека десетина малолетни девојчиња ги намамувал во своите луксузни домови во Њујорк и Флорида и им […]

Заев на средба со Која: Македонија придонесува за домашната и регионалната безбедност


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, попладнето се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. На состанокот е разговарано за актуелната политичка ситуација во нашата држава во пресрет на изборите. Поздравени се политиките на Едно општество за сите во државата, како интегративен концепт со којшто Република Северна […]