Дигитален рај во Токио


Дигитален рај – е првата асоцијација за Музејот за дигитална уметност во Токио, кој е прв таков во светот и привлекува огромен број посетители секојдневно.

Под мотото свет без граници, музејот е отворен во квартот Одаиба минатата година и е неповторливо место каде боите го убиваат сивилото на секојдневнината.Чувството дека сте во рајот е толку големо што природно ви доаѓа да посакате дневната соба дома да ви ја исполни иста убавина и енергија.

Јапонија е земја која е фасцинирана со иднината наместо со минатото и заљубена во техонологијата, а Одаиба е кварт кој го симболизира новото високо до небо Токио кое тежее кон технолошки врвови и нови достигнувања.