Членството на Македонија во НАТО не е доведено во прашање


Членството на Северна Македонија во НАТО не се доведува во прашање, се чека завршување на процедурата во сите членки, изјави официјалното лице на НАТО, Џејмс Апатураи.

Единствената отежнувачка околност е застојот во Шпанија, поради формирањето на владата, изјави Апатураи, заменик помошникот генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика.

„Таму имавме воени операции и се уште ги имаме. Имаме програм за реформи со секоја држава која не е членка. Имаме три канцеларии во регионот кои ги поддржуваат реформите. Тоа значи дека граѓаните на целиот регион можат да бидат потполно безбедни дека НАТО бил посветен на Западниот Балкан и така ќе остане. Кога се зборува за отворени врати, како што ние велиме, за прифаѓање нови членки, ги почитуваме сите рокови“; вели Апатураи.

Тој потсетува дека Црна Гора веќе е примена во членството на Алијансата и дека, како што вели, чека завршување на процесто во сите членки на НАТО за прием на Северна Македонија.

„Но, не го доведуваме во прашање дека тоа ќе се случи. Единствениот отежнувачки фактор е застојот во Шпанија за формирање на влада. Знаете дека имаа неколку избори и едноставно имаат механизми владата да биде поставена со цел следните чекори да можат да се случат и кои ќе се случат“, изјави Апатураи, кој го очекува членството на Северна Македонија на рана пролет.

Напоменува дека НАТО ги почитува роковите и дека така ќе остане, како и дека се надева дека на самитот на лидери, кој ќе биде одржан во Лондон кон почетокот на декември, на сите ќе им биде јасно дека Северна Македонија, како што вели, е на прагот и дека наскоро ќе ни се приклучи.