Книга


ЛЕЈЛА САБИТ Купена, подарена, актуелна, заборавена, наградена, преведена, неотворена, прочитана, непрочитана, фалена, плукана или критикувана. Скапа, евтина, ексклузивна, интересна, здодевна, забавна, поучна, лесна, тешка, од срце, од почит, од култура или зашто друго не ни текнува. Раскажува сѐ или ништо, вистини, лаги, сензации, за тука или таму, за овој или оној, за познати и непознати, […]

Груевски го нема во Интерпол поради Ердоган или поради нас


Македонските власти и вчера тврдеа дека ги поднеле до Интерпол сите потребни документи, со цел поранешниот премиер Никола Груевски да се најде и на меѓународна потерница. „Од наша страна е направено сè, доставени се сите информации и документи и тоа веднаш по бегството на Груевски“, велат од Министерството за правда. Меѓународната полициска организација на Интерпол […]

(Видео) Втора проба на Тамара пред настапот на „Евросонг“ в четврток


Тамара Тодевска денеска имаше втора проба на големата сцена EXPO во Тел Авив каде што ќе се одржи 64. Евросонг, а таа со песната „Proud“ ќе настапи претпоследна на втората полуфинална вечер, на 16 мај. – Сите сме горди со сработеното и ја очекуваме вашата поддршка на 16-ти, а се надевам и на 18-ти, изјави […]

Најмалку една жртва во нападот на луксузен хотел во Пакистан


Три вооружени лица нападнаа денеска луксузен хотел во пристаништето Гвадар во Пакистан, при што е убиен најмалку еден припадник на обезбедувањето. Напаѓачите се бореле со припадниците на обезбедувањето од внатрешноста на објектот. Официјални претставници истакнаа дека мнозинството гости биле евакуирани од хотелот „Перл Континентал“, над кој кружеле хеликоптери. Локалните медиуми објавија дека има информации за […]

Дескоска ќе им помага на Филипче и на Адеми да ги усогласат вакцинацијата и школувањето


  Министерот за здравство, Венко Филипче повтори, невакцинираните деца нема можат да се запишат на училиште и да одат во градинка. Според него само така ќе се стави крај на епидемијата со мали сипаници. Конечната одлука ќе се знае во понеделник, по средбата со министерот за образование Арбер Адеми и со минисерката за правда Рената […]

Трамп: Произведувајте во САД, за да ги избегнете кинеските царини


Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика денеска компаниите во земјата да произведуваат во САД, а не да увезуваат од Кина, со цел да го избегнат зголемувањето на царините за кинеската стока. – Кој е најпростиот начин да се избегнат царините? Треба да произведуваме наши стоки во добрата, стара Америка. Толку е лесно!, напиша Трамп на […]

(Во живо) Опозицијата фрлаше молотови коктели врз зградата на албанската Влада


Состојбата на четвртиот голем протест на албанската обединета опозиција во Тирана ескалираше со фрлање молотови коктели врз зградата на Владата. Молотовите коктели главно завршуваа врз влезот на Владата, и нема обиди за пробивање на полицискиот кордон, фрлање димни бомби, петарди,к ако и црна боја врз владината зграда. Илјадници приврзаници на опозицијата, како и незадоволни граѓани […]

Ѓоковиќ прв финалист на турнирот во Мадрид


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на турнирот во Мадрид. Во полуфиналниот натпревар Србинот попладнево го победи австрискиот тенисер Доминик Тим со 2-0. Двата сета Ѓоковиќ го доби на так-брејк со 7:6 (7: 2) и 7:4). Мечот траеше два часа и 25 минути. Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе биде победникот од […]

(Видео) Тепачка во парламентот во Хонг Конг, има и повредени


Голема тепачка изби во парламентот на Хонг Конг поради планираните законски измени според кои на осомничените ќе им се суди во матична Кина. Тензиите ескалираа веднаш на почетокот на заседавањето, а политичарите почнаа да пцујат и да скокаат на масите обидувајќи се да го дофатат микрофонот. Неколку пратеници се повредени, а еден е префрлен во […]

Полицијата во Нант и Лион употреби солзавец против „жолтите елеци“


Француската полиција употреби денеска солзавец во судирите со маскирани демонстранти во Лион и Нант, за време на 26-от протест по ред на „жолтите елеци“ против претседателот Емануел Макрон и неговата програма за економски реформи. Демонстрантите во Нант фрлале шишиња и кршеле излози од продавници, додека во Лион полицијата употреби солзавец во обид да ги одбие […]

Ранохристијанска базилика откриена на новиот експресен пат Штип – Кочани


Градежните работници на кинеската компанија „Синохидро“ при градењето на новиот експресен пат од Крупиште кон Кочани, кај селото Жиганци открија  ранохристијански комплекс и остатоци од ранохристиојанска базилика. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип Митко Штерјов и стручниот тим веднаш дојдоа на местото каде што се откриени вредните артефакти. –Од првичниот увид, се потврдува […]

(Видео) Путин играше хокеј, па се испружи на мразот


Рускиот претседател Владимир Путин даде осум гола на вчерашниот егзибициски натпревар во хокеј, настапувајќи со руските хокејарски ѕвезди. Но, она што за момент ја насмеа публиката беше неговиот (не толку) спектакуларен пад по крајот на натпреварот. Путин играше за екипата Легенди покрај поранешните хокејарски ѕвезди Вјачеслав Слава Фетисов и Павел Буре. Во истата екипа настапи […]

Почина поранешниот шеф на дипломатија на Италија Џани де Микелис


Поранешниот италијански министер за надворешни работи Џани де Микелис почина на 78-годишна возраст по долго боледување. Де Микелис е хоспитализиран пред неколку денови бидејќи му се влошила здравствената состојба. Тој беше член на социјалистите во италијанскиот Парламент, а извршувал повеќе министерски позиции од 1980 до 1992 година. Функцијата шеф на италијанската дипломатија ја извршуваше од […]

Терористички напад во Пакинстан, во хотел со пет ѕвезди


Група терористи нападнала хотел со пет ѕвезди „Перл континентал“ во пакистанскиот град Гвадар, соопшти полицијата. „Три или четири напаѓачи упаднаа во хотелот и сега траат судирите на припадниците на безбедноста и терористите“, соопшти полицијата, додавајќи дека нема информации за жртви, пренесе Ројтерс. Во регионот распоредени се дополнителни полициски, антитерористички и воени сили. Полицијата наведува дека […]

Пол-позицијата во „Каталуња“ за Ботас


Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Шпанија. Од втората стартна позиција на првиот ред веднаш до Финецот ќе биде неговиот тимски колега Луис Хамилтон. По возачите на Мерцедес следуваат Себастијан Фетел од Ферари и Макс Верстапен  од Ред Бул. За […]

Претставници од НВО ја поздравија одлуката за крај на „десоросоизацијата“


Претставници на  граѓанските организации кои беа опфатени со процесот на „десоросоизација“ на кој во 2016 година повика Никола Груевски, денеска го поздравија позитивно мислење на Владата и автентичното толкување на законот од страна на Собранието, со кое се појаснува дека НВО не треба да плаќаат дополнителни средства во буџетот за активности кои се нивна основна дејност. […]

Шекеринска: СЈО мора да работи


Институциите кои се бореа со криминалот и со корупцијата мора да добијат мандат да продолжат тоа да го прават, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска во врска со преговорите со опозицијата за статусот на Специјалното јавно обвинителство. -Во првите денови СЈО можеби беше само симбол, сега тоа мора да продолжи да биде […]

Можни кадровски промени во Владата и институциите по инаугурацијата на претседателот


Од инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски, Владата веќе нема обврска, а ниту другите институции да се придржуваат до правилото дека не се возможни никакви кадровски поместувања, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената  „метла” од страна на премиерот Зоран Заев, која ќе зафати дел […]

Шекеринска: Нема дополнителен данок за невладините, „десоросоизацијата“ заврши


– Нашата држава заслужува да биде демократска и да има јасен и гласен граѓански сектор кој нема да се плаши од Владата, изјави вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска пред Владата. Потсети дека кон крајот на 2016 година, веднаш по парламентарните избори, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во еден долг ноќен говор […]

Земјотрес во Ирак со јачина од 5,3 степени според Рихтер


Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала погоди област на 70 километри од ирачкиот град Сулејманија, пренесе Геолошкиот институт на САД. Според Ројтерс, до потресот дошло во пограничната област на Ирак, десет километри под површината на земјата. Се наведува дека нема повредени, како и дека не е причинета позначителна материјална штета.