Пол-позицијата во „Каталуња“ за Ботас


Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за од Шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Шпанија.

Од втората стартна позиција на првиот ред веднаш до Финецот ќе биде неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

По возачите на Мерцедес следуваат Себастијан Фетел од Ферари и Макс Верстапен  од Ред Бул.

За место меѓу првите десет преку денешните квалификации се изборија и: Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Ред Бул), Ромен Грожан (Хаас), Кевин Магнусен (Хаас), Данил Квјат (Торо Росо) и Даниел Рикиардо (Рено).

Главната трка на патеката „Каталуња“ кај Барселона ќе почне утре од 15:10 часот.