Ѓоковиќ прв финалист на турнирот во Мадрид


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на турнирот во Мадрид. Во полуфиналниот натпревар Србинот попладнево го победи австрискиот тенисер Доминик Тим со 2-0.

Двата сета Ѓоковиќ го доби на так-брејк со 7:6 (7: 2) и 7:4).

Мечот траеше два часа и 25 минути.

Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе биде победникот од дуелот Стефанос Циципас (Грција) – Рафаел Надал (Шпанија).

Наградниот фонд на АТП турнирот од Мастерс Серијата 1.000 изнесува 6,5 милиони евра.