Притвор за осомничениот работник за убиството на Холанѓанецот


Триесет дена притвор доби С.Р (49) од тетовско Јанчиште, осомничен за убиство на Холанѓанецот Јос. М (59), сопственик на расадникот „Еуроплантс“ во тетовско Прељубиште, информираат од СВР Тетово. По вчерашниот настан, С.Р. кој би вработен во расадникот бил лишен од слобода, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до […]

Мадона не верува по секоја цена во обвинувањата против Мајкл Џексон


Кралицата на поп музиката Мадона, и покрај згрозеноста на јавноста од неодамнешниот документарец, кој повторно поттикна обвинувања за сексуално злоставување на деца против Мајкл Џексон, изјави дека сите се невини додека не им се докаже вината. Таа за британското списание „Вог“ го даде своето мислење за документарецот на НВО, „Напуштајќи го Неверленд“. Во филмот на […]

Убиена советничката за култура во авганистанскиот Парламент


Непознати напаѓачи ја убиле денеска во Кабул поранешната новинарка и актуелна советничка за култура во авганистанскиот Парламент Мена Мангал, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими. Тој истакна дека Мангал била убиена додека одела на работа, а напаѓачите побегнале од местото на злосторството. Полицијата веднаш започнала истрага, а засега никој нема преземено одговорност […]

Заради невремето во наредните денови се препорачува чистење на каналите


Во наредните денови времето ќе биде облачно и нестабилно, со врнежи, грмежи и силен ветер, информира Управата за хидрометеролошки работи. „Утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови […]

Алегри не размислува за напуштање, сака да изгради „нов Јувентус“


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри откри дека наредната недела ќе има средба со претседателот на клубот, Андреа Ањели, на која двајцата ќе дискутираат за иднината. Во последните денови медиумите во Италија тврдат дека тренерот е пред разделба со клубот. Алегри сепак негираше дека подготвува заминување. Тој е амбициозен да продолжи да го води гигантот од […]

Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Ново Село


Управниот суд во Скопје денеска одржа јавна седница по поднесената тужба од ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на одбиениот приговор од Државната изборна комисија за гласачкото место 1789 во Ново Село. Одлуката дополнително ќе биде објавена на сајтот Управниот суд. Подносителот на тужбата ВМРО-ДПМНЕ бара да се поништи гласањето на избирачкото место број 1789 во постапката […]

Утре во Скопје на инаугурацијата на Пендаровски доаѓаат Вучиќ, Тачи и Катроугалос


Пендаровски утре ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат. На седницата Пендаровски ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство. Пријавено присуство на инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен […]

Пендаровски: Со овие избори покажавме дека земјава може да се однесува европски


Новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска од Државната изборна комисија го доби уверението за претседател на државата. Според него, со овие избори, земјава покажала дека може да се однесува европски, а институциите да работат професионално. За потпишување на законите кои не ги потпиша досегашниот претседател Ѓорге Иванов ќе се консултира својот правен […]

Иванов доби пензија, аболиција не потпиш(ув)а


На два дена пред истекувањето на мандатот, Ѓорге Иванов ги побара бенефициите што му следуваат како поранешен шеф на државата. Веднаш доби позитивен одговор од владината Служба за општи и заеднички работи, со што професорот Иванов (59) нема да се врати на Правниот факултет, туку до крајот на животот ќе користи месечна пензија од 100.000 […]

Кривична пријава против 14 лица и четири фирми кои вршеле злоупотреби со превозот за ученици


СВР Куманово до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 13 лица лица од Куманово и Скопје, и едно лице од село Режановце кумановско, како и против четири фирми, од кои две од Скопје и две од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела од 2011 до 2017 година. -СВР Куманово до […]

ДИК му го врачи уверението на Пендаровски за претседател на државата


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница му го врачи уверението на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија. Претходно, ДИК ги објави конечните резултати од претседателските избори согласно кои Пендаровски беше избран за шеф на државата. Утре Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе […]

Поповски: Оваа Влада обезбеди услови за гласност, не за молк


Оваа Влада обезбеди услови за гласност, а не за молк. Клучот е во рацете на новинарските професионалци, порача  министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на денешната седница на Генералната комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Според Поповски, во […]

Забрзувањето на евроатлантските интеграции може значително да ги зголеми странските инвестиции


Забрзувањето на процесот на интегрирање во Европската Унија и членството во НАТО може да донесе бројни придобивки за нашата економија. Искуствата на економиите кои веќе минаа низ овој процес покажуваат дека зголемувањето на извесноста за побрзо приклучување во ЕУ е исклучително важен и позитивен сигнал за перспективите на една економија каква што е нашата.  Тие посочуваат […]

ДИК и официјално ја потврди победата на Пендаровски


Државната изборна комисија на денешната седница го усвои заклучокот за објавување на конечни резултати од вториот круг на претседателските избори, според кој за претседател на Република Северна Македонија е избран Стево Пендаровски. Според податоците на ДИК, од вкупно запишаните 1.808.131 избирач, на гласање излегле 843.508 граѓани или 46,65 отсто. Од нив за Пендаровски гласале 435.656 граѓани, […]

Интензивно се палат контејнери


Во текот на изминатите три дена, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје забележа интензивна појава на опожарување на садовите за собирање на отпадот. Само на 9.05.2019 година, се опожарени пет контејнери на три микролокации во општината Карпош – две на булеварот Партизански одреди и една на ул. Московска. Во текот на вчерашната ноќ гореа два контејнера кај хотелот Карпош во […]

Засега не се знае на кои факултети ќе им се стави клуч


За да се постигне квалитет во високото образование, ќе се затвораат факултети. Ваквите реформи допрва ќе следуваат, бидејќи според претседателот на Владата, Зоран Заев, во државава има повеќе факултети од средни училишта. Тој во изјава за јавноста пред десетина дена најави дека ќе биде ставен клуч за некои факултети, затоа што при вработување не се […]

Трамп: Сѐ уште не сум изгубил доверба во Ким


Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за американскиот сајт „Политико“ изјави дека сѐ уште не изгубил доверба во лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун. Можно е дека во еден момент ќе биде (ќе ја загубам довербата), но сега никако, наведе Трамп. Американскиот претседател претходно си ги препишуваше заслугите за стопирање на ракетните тестирања на […]

Пентагон нареди распоредување на системот за противвоздушна одбрана


Американското Министерство за одбрана соопшти дека ќе ги распореди системот за противвоздушна одбрана со долг дострел „Патриот“ и амфибискиот воен брод „Арлингтон ЛДП-24“ во зоната на Централната команда на армијата на САД (ЦЕНТЦОМ), првенствено задолжена за Блиски Исток и Централна Азија. – Овие сили ќе им се придружат на американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ […]

Заев направил првичен план за кадровските смени


Кадровските промени во извршната власт, според информациите, не е исклучено да почнат уште следната недела, со тоа што на седницата на Владата во вторник би биле разрешени неколку директори на институции под капа на државата. Сепак, како што се најавува, очекуваната реконструкција ќе биде подолготраен и етапен процес, кој ќе се спроведува на повеќе нивоа. […]

Пендаровски денеска ќе добие уверение дека е избран за претседател


Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска на седница на Државната изборна комисија ќе добие уверение дека е избран за шеф на државата. Претходно ДИК ќе одржи јавна седница на која ќе ги објави конечните резултати од претседателските избори. Пендаровски утре ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот […]