Мадона не верува по секоја цена во обвинувањата против Мајкл Џексон


Кралицата на поп музиката Мадона, и покрај згрозеноста на јавноста од неодамнешниот документарец, кој повторно поттикна обвинувања за сексуално злоставување на деца против Мајкл Џексон, изјави дека сите се невини додека не им се докаже вината.

Таа за британското списание „Вог“ го даде своето мислење за документарецот на НВО, „Напуштајќи го Неверленд“. Во филмот на режисерот Ден Рид, двајца возрасни мажи изнесуваат нови обвинувања дека починатиот музичар ги злоставувал додека тие биле деца.

Од премиерата во јануари траат големите расправи на таа тема. Поради филмот музиката на Џексон е забранета на радио станиците во Канада, на Нов Зеланд и во Австралија.

Мадона, некогашната ривалка, а потоа пријателка на обвинетиот музичар, нагласи дека не го гледала филмот, но не сака по која било цена да верува во тие обвинувања.

– Го немам менталитетот на масата која сака линч, а во мојата глава луѓето се невини се додека не се докаже нивната вина. Имаше илјадници обвинувања против мене кои не беа вистинити, па мојот став е кога луѓето ќе ми кажат нешто за другите, ги прашувам дали можат тоа да го докажат?, додава Мадона.