Вардар и Шкендија сигурни, струмичкото дерби за Беласица


Беласица беше подобра од Академија Пандев со 2-0 во струмичкото дерби од 29 коло во првата фудбалска лига со што ги зголеми шансите за опстанок. Стрелци на головите беа Дробаров и Георгиев во првото полувреме. Со идентичен резултат, Вардар ја победи Ренова (Најдовски и Реис Жуниор), а Шкендија со 4-2 ја совлада Македонија Ѓорче Петров […]

Француската полиција со сина боја ги бележи „жолтите елеци“


Француската полиција за време на денешните протести на „жолтите елеци“ користеше сина течност од водените топови, најверојатно за да ги обележи демонстрантите, јави дописникот на МИА. Водата од водените топови на Плоштадот на Републиката, каде протестите беа најтензични, беше светло сина, што може да се види на неколку фотографии објавени на Твитер. Оваа течност најверојатно […]

Баерн се измачи, но победи


Со голот на Никлас Сул во 75 минута, Баерн Минхен го совлада Вердер од Бремен. „Баварците“ доминираа во текот на целиот меч, имаа и играч повеќе, но топката како да не сакаше да влезе во гостинскиот гол. Сепак, Сул донесе олеснување за избраниците на Нико Ковач. Со оваа победа, Баерн изби на првото место во […]

Фоњини против Лајовиќ во финалето во Монте Карло


Италијанецот Фабио Фоњини против Србинот Душан Лајовиќ. Ова е изненадувачкото утрешно финале на тенискиот турнир во Монте Карло. Фоњини (18. на листата) го декласираше Рафаел Надал со 6-4 и 6-2, додека Лајовиќ (48 место) беше подобар од Данил Медведев со 7-5 и 6-1, која, пак, еден ден претходно го елиминираше Новак Ѓоковиќ.  

Во камион сокрил 59 мигранти, му платиле по 1.500 евра


Грчката полиција во камион со бугарски регистарски таблички откри 59 илегални мигранти. Полицијата го запрела камионот за рутинска проверка на околу 30 километри источно од Солун, при што во неговиот заден дел ги открила мигрантите, сокриени зад материјали за изолација. Половина од мигрантите биле од Сомалија, а останатите од Авганистан, Бангладеш, Египет, Еритреја, Ирак, Судан […]

Македонците најдолго остануваат да живеат со родителите


Младите во Европската унија во просек го напуштаат родителскиот дом во 26. година, а кај „тато и мама“ најдолго остануваат Македонците, Србите, Хрватите, како и Италијанците и Словаците, кои се одвојуваат од родителите дури откако ќе зачекорат во четвртата деценија, покажа истражувањето на Евростат. Официјалната статистика на европското статистичко биро, кое преку бројки го осликува […]

Велигденска треска: Бугарите изнакупуваа јајца во Делчево


Квалитетни производи, разновидна понуда и поевтини цени. Ова се само дел од причините поради кои тезгите на градскиот пазар во Делчево и денеска беа преплавени од бугарски државјани, кои годинава купуваа масовно во пресрет на Велигденските празници. – Обично ние Велигден го славиме порано од вас, но оваа година празникот се совпаѓа и во двете […]

Хематологија: Тоше не реагираше на терапијата


Скопската клиника за хематологија изрази сочувство до семејството на Тоше Илиевски за огромната загуба, кој почина вчера. За негово лекување во странство беа потребни 32.000 евра. „Го разбираме интересот на јавноста за изгубениот млад човечки живот, но истовремено апелираме до сите да ја почитуваме неизмерната тага на неговите најблиски. Единствено што во овој момент можеме […]

Во „Шутка“ гласале 60 затвореници


Тековно и без проблеми се одвива гласањето во казнено-поправните установи низ земјава. Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица, од кои најголемиот број во КПУ Затвор-Скопје. Претседателот на изборната комисија во КПУ Затвор – Скопје, Елвис Хајдар, за МИА информира дека гласачките места се отворени во седум часот утрово и гласањето се одвива без […]

Cити му се реваншира на Тотенхем, повторно е лидер


Три дена по четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите, Манчестер Сити и Тотенхем ги одмерија силите и во англиската Премиер лига. Овојпат, „граѓаните“ беа поуспешни и славеа со 1-0, благодарејќи на погодокот на Фил Фоден во 5. минута од мечот. Со оваа победа, Сити се врати на првото место од табелата со 86 бода, само […]

Во Приштина слета авион со 110 повратници од Сирија


Во текот на минатата ноќ од Сирија во Косово се вратиле 110 косовски државјани, меѓу кои четворица борци на терористичката џихадистичка група Исламска држава (ИД), 32 жени и 74 деца, од кои девет деца без родители. Директорот на косовската полиција Рашит Ќаљај на денешната прес-конференција, што ја одржа заедно со министерот за правда Абелард Тахири […]

„Фармахем“ ја доби наградата за заштита на животната средина


„Фармахем“ e добитник на признанието за најдоброто од истокот во областа на заштитата на животната средина за 2018 година, како координатор на Програмата за зачувување на природата во Македонија, а која во изминатите години значително влијае на подобрување на зачувувањето на природните вредности во Брегалничкиот слив. Новинарите од источниот регион – како дел од ЗНМ, […]

Мурињо: Ливерпул ќе биде фаворит, ако Барса игра без Меси


Поранешниот ментор на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, даде своја прогноза за полуфиналната битка помеѓу Барселона и Ливерпул во Лигата на шампионите. – Ако Барселона игра без Меси, можам да кажам дека Ливерпул ќе биде фаворит. Но Барса со Меси … Меси е Меси, нема како да го контролираш. Ако тој ја добие топката и играат […]

Во Дебар нема кој да ја продолжи традицијата на „лазарки“


Првпат домовите на православните семејства денеска не ги посетија „лазарките“, што беше вековна традиција во Дебар. -За жал, поради се помалиот број православни Македонци, полека се губат вековнте традиции. Така е за овој празник, попусто чекавме да не посетат „лазарките“. Разбравме дека нема да има. Девојчњата што лани и изминатите годни не посетја веќе се […]

Дебата: Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан


Дали ЕУ е подготвена за членството на Западен Балкан е главното прашање за евроинтеграциските процеси, беше речено на денешната панел дискусијата „Ја Избирам Европа: Избори за Европски Парламент 2019 – можности и предизвици за Република Северна Македонија“ што ја организира здружението на Млади европски федералисти. Според панелистите, не може да се зборува за проширување на […]

МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи


Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи утрешните избори со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 отсто од вкупниот број гласачки места во земјава. -Набљудувачите на МОСТ се статични и ќе ја следат постапката на гласање […]

Приказната за судството веќе стана банална


ФРОСИНА ФАКОВА- СЕРАФИНОВИЌ Еден ден пред предизборниот молк, „Илија Громовник“ нè врати пред неколку години, распука неколку „бомби“ со сочни озборувања и пцости, кои уште еднаш нè потсетија на главните протагонисти од минатите „бомби“, ама ни покажаа дека не биле безгрешни ниту оние што ревносно се бореа против таа власт. И додека во минатите јавно […]

Честитка од Иванов по повод католички Велигден


Претседателот Ѓорге Иванов, по повод Велигден, денеска упати честитка до Бискупот скопски и eпископ струмичко-скопски, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат празникот според Грегоријанскиот календар.  –Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам најголемиот христијански […]

ДИК: Најголема излезност во Прага, најмала во Истанбул


Најголема излезност за претседателските избори во дипломатско конзуларните пртставништа (ДКП) во Европа засега има во Прага, 23,4 отсто, а најниска во Истанбул, 3,57 проценти, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа. Како што рече Гугуческа на првата прес-конференција за изборите, гласањето се одвива тековно и без проблеми. Излезноста во ДКП-ата во Будимпешта е […]

„Поглед“ од Њујорк: Михаил Корубин со шампањско наздрави за изложбата


Њујорк пред Скопје ја виде уметничката бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и никого, насликана на 15 мега формати, платна работени во масло и акрилик техника на талентираниот уметник Михаил Корубин, од семејството на славни сликари како Миле и Рубенс Корубин. На изложбата ” Поглед” (Gaze) во галеријата „MC“  […]