Вардар и Шкендија сигурни, струмичкото дерби за Беласица


Беласица беше подобра од Академија Пандев со 2-0 во струмичкото дерби од 29 коло во првата фудбалска лига со што ги зголеми шансите за опстанок. Стрелци на головите беа Дробаров и Георгиев во првото полувреме.

Со идентичен резултат, Вардар ја победи Ренова (Најдовски и Реис Жуниор), а Шкендија со 4-2 ја совлада Македонија Ѓорче Петров (Радески два гола, Имер, Муслиу – Тантуровски 59, Карваљо). Победа загуби 0-3 од Шкупи (Серџо Жуниор, Ангелов два гола), додека Силекс со голот на Георгиев го победи Работнички.

Табела: Шкендија 66, Вардар 54, Академија Пандев 47, Шкупи 39, Работнички 39, Ренова 36, Македонија 35, Силекс 31, Беласица 27 и Победа 20.