Баерн се измачи, но победи


Со голот на Никлас Сул во 75 минута, Баерн Минхен го совлада Вердер од Бремен. „Баварците“ доминираа во текот на целиот меч, имаа и играч повеќе, но топката како да не сакаше да влезе во гостинскиот гол. Сепак, Сул донесе олеснување за избраниците на Нико Ковач.

Со оваа победа, Баерн изби на првото место во Бундес лигата со 70 бода, четири повеќе од Борусија Дортмунд, но и еден меч помалку. До крајот на првенството има уште четири кола.