Cити му се реваншира на Тотенхем, повторно е лидер


Три дена по четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите, Манчестер Сити и Тотенхем ги одмерија силите и во англиската Премиер лига. Овојпат, „граѓаните“ беа поуспешни и славеа со 1-0, благодарејќи на погодокот на Фил Фоден во 5. минута од мечот.

Со оваа победа, Сити се врати на првото место од табелата со 86 бода, само еден повеќе од Ливерпул. Двата водечки тима до крајот на сезоната имаат уште по четири натпревари, по што ќе се знае во чии раце ќе заврши титулата.