Фоњини против Лајовиќ во финалето во Монте Карло


Италијанецот Фабио Фоњини против Србинот Душан Лајовиќ. Ова е изненадувачкото утрешно финале на тенискиот турнир во Монте Карло. Фоњини (18. на листата) го декласираше Рафаел Надал со 6-4 и 6-2, додека Лајовиќ (48 место) беше подобар од Данил Медведев со 7-5 и 6-1, која, пак, еден ден претходно го елиминираше Новак Ѓоковиќ.