Шарапова не е бремена, поради повреда нема да игра во Мадрид


Руската тенисерка Марија Шарапова, одговарајќи на прашања од фановите на Инстаграм, ги отфрлии шпекулациите дека е бремена. – Дали сум бремена? Не, – напиша Шарапова. Неодамна, поранешниот прв рекет на светот се повлече од турнирот во Штутгарт. Таа ќе го пропушти и турнирот во Мадрид од 4 до 11 мај, по што се појавија шпекулации […]

Странските медиуми за првиот круг од претседателските избори


„Кандидатите на владејачката СДСМ и на националистичката ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат на вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија на 5 мај, откако двајцата кандидати не успеа да соберат доволно гласови за да прогласат победа во првиот круг“, објави германската новинска агенција ДПА. ДПА наведува дека и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и на […]

ИРА ја презеде одговорноста за смртта на ирската новинарка


Нова ИРА ја призна одговорноста за убиството на новинарката Лајра МекКи, во писмо упатено до локалните медиуми. „За време на нападот на непријателите, Лајра МекКи трагично е убиена додека стоеше покрај непријателските сили“, наведува милитантната група во изјава за весникот „Ајриш њуз“. Групата „искрено се извинува на партнерот, семејството и пријателите на Лајра МекКи поради […]

Датумот за преговори нема да биде тема во Берлин


„Невообичаена, вонредна средба, надвор од рамките на Берлинскиот процес“, вака накратко советникот за евроатлантски интеграции во кабинетот на Зоран Заев и главен технички преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, ја дефинира средбата на претседателите или премиери на шесте земји од Западен Балкан, како и на членките на ЕУ, Хрватска и Словенија со двата најмоќни европски лидери. […]

Умерено облачно, за Велигден сончево


За денес синоптичарите најавуваат умерено облачно време на целата територија на Македонија во текот на денот, а подоцна кон крајот на работниот ден посебно во западните делови од земјава се очекува да се зголеми облачноста и преку ноќта да има локални врнежи од дожд. Утринските температури на воздухот се очекува да се движат од 0 […]

Мбапе стана најмладиот играч кој постигна 30 гола во една сезона во Лига 1


Франција– Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе постигна три гола синоќа во победата над Монако со 3:1 и испиша историја во францускиот фудбал. Тој стана најмладиот играч во Лига 1 со постигнато 30 гола во една сезона. Дваесет годишниот фудбалер го помина Ерве Ревели, поранешниот напаѓач на Ница, Сен-Етјен и Шатору. Покрај тоа, Мбапе го повтори […]

Рецитал на Ева Богоевска и Маја Стојановска во Лисабон


Виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Маја Стојановска денеска ќе настапат во Лисабон во концертната сала на палатата „Фоз“, каде што ќе изведат дела од Моцарт, Бетовен, Шопен и Дебиси. Богоевска е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко. Досега имаше успешни настапи во Виетнам, Малезија, во театарот „Марчело“ […]

Со замрзнување на придонесите против платите во кеш


Како една од мерките за намалување на исплатите во готово се планира фиксирање на придонесите, велат неофицијално владини извори, посочувајќи дека тоа би важело за одредени сектори. Најавата доаѓа откако премиерот Зоран Заев неодамна укажа дека ќе има промени во делот на севкупното давање на плата, а засегнатите министерства и институции најавија дека работат на […]

Мртва трка меѓу Пендаровски и Силјановска


Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова влегуваат во финалето од изборниот натпревар за шеф на државата, кога одлучувачки може да бидат гласовите што вчера ги доби третиот претседателски кандидат Блерим Река, кој излегува од трката. Според нецелосните резултати од ДИК, Пендаровски оствари незначителна предност во однос на Силјановска во текот на вчерашното гласање кое, практично, покажа […]

Модни разгледници од Скопје: Европски креации на знаменити градски локации


Новиот урбан едиторијал претставува кулминација на проектот „Обединета мода“ што се одвиваше во рамки на неодамна одржаното деветнаесетто издание на Моден Викенд Скопје. Последните три мартовски дена, Скопје беше горд домаќин на дваесет и осум интернационални дизајнери и брендови, кои премиерно ги изложија колекциите за есен-зима 19/20 пред посетителите на шоурумот „United Fashion SEE“, предизвикувајќи […]

Денес почнува теренската вакцинација во Скопје


Во животно загрозувачка состојба и натаму е шеснаесетгодишнoто момче заболено со морбили кое дише преку апарати. Момчето е невакцинирано, има церебрална парализа и пневмонија која му се јавила како компликација од сипаниците, а е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Од Министерството за здравство велат дека на одделот со потешка здравствена состојба […]

Вториот круг почнува од нула


ЕРОЛ РИЗАОВ Првиот круг на претседателските избори ја заслужи оценката – европски. Првпат во Македонија при избор на шеф на државата немаше посериозни инциденти ниту, пак, приговори кои зборуваат за нарушување на избирачкиот процес. Но натпреварот не е завршен. Ако за првото полувреме може слободно да се каже дека беше како од Премиер лигата, тоа, […]

Меѓународните набљудувачи ќе објават првични наоди и заклучоци за изборите


Меѓународните набљудувачи кои вчера го следеа првиот круг од Претседателските избори денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци. Првичните наоди и заклучоци ќе ги објават Серен Мобурн, специјален координатор и шеф на краткорочните набљудувачи од ОБСЕ, Мари – Кристин Дало, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа […]

Вчерашните претседателски избори со најниска излезеност досега


Вчерашниот прв круг од претседателските избори помина со досега најнизок одѕив на гласачите споредено со претходните изборни циклуси за шеф на државата. Според последните податоци што ги објави ДИК одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесуваше 41,82 отсто или на гласање излегле 755,816 граѓани. На првите непосредни претседателски избори во 1994 година на гласање […]

Изборите скандинавски, одѕивот загрижувачки


Имавме чист изборен ден, согласни се сите учесници и набљудувачи во трката за шеф на државата. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, оцени дека сме имале скандинавски избори и им честиташе на граѓаните. „Република Северна Македонија спроведе мирни, фер, слободни и демократски избори. Институциите со сите свои капацитети овозможија изборите да поминат во најдобар тек […]

Полански ја тужи Американската Академија за филмски уметности и науки


САД– Француско-полскиот режисер Роман Полански поднесе тужба против Академијата која ги доделува престижните Оскари затоа што бил исклучен од институцијата пред една година во екот на движењето #И Јас (Me Too). Американската Академија за филмски уметности и науки на 3 мај 2018 година соопшти дека Полански и Била Козби ги исклучува од членството затоа што […]

Игор Јосифов за првпат ќе го изложи заробеното дело за Нелсон Мандела во Венеција


Заробеното дело за Нелсон Мандела изработено од македонскиот уметник Игор Јосифов првпат ќе биде изложено во јавноста Палацо Мора, во рамките на „Лични структури“ на Венециското биенале на уметноста. Станува збор за дело кое Јосифов го создаде во Северна Калифорнија во 2013 година, а подоцна беше испратено во Париз каде што требаше да биде изложено […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Успевате да се спасите во последен момент држејќи се за гранка од дива ружа: луксузот ќе ја покаже вашата слаба страна, како и брзата реакција кон околината. Храбри и полни со лична моќ, ќе треба логично да го анализирате проблемот делувајќи чесно при соочувањето со фактите. Ако дозволите умот да ви лута, ќе го […]

Пендаровски води со 4.606 гласа во првиот круг пред Силјановска


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 99,96  отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,85 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,24 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени […]

Dead heat between Pendarovski and Siljanovska


Stevo Pendarovski and Gordana Siljanovska-Davkova enter the second half of the election contest for a new head of state. Pendarovski led by a narrow margin ahead Siljanovska during the Sundays’s vote, which practically showed convincing “victory” of the abstainers, since almost 60 percent of the total number of voters decided not to take part in […]