Продуцентот на серијата „Македонија“ вели дека нема што да кријат и сите информации ќе ги изнесат во јавност


Отворени сме за соработка и ќе ги доставиме сите документи и информации поврзани со нашата работа. Сакаме да упатиме реакција на изјавата на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија кој информира на прес-конференција дека Јавното обвинителство покренало постапка за криминал во целиот проект и свесно ја изманипулира јавноста за целиот случај што покажува […]

Заев: Можна е владина реконструкција


Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека можноста за владина реконструкција не е исклучена, доколку, како што рече, кандидатот за нов министер за здравство не е од редовите на Алијансата за Албанците. „Разговорите со коалициските партнери за избор на новиот министер за здравство се во тек и во опција се повеќе имиња. Реконструкција на Владата ќе […]

Се снима филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски


Екипата која работи на филмот „Ефектот на среќа“ (The happiness effect) во режија на Борјан Зафировски, повеќе од две недели снима на различни локации низ Скопје и Охрид, а во моментов се работат сцени во студиото на „Fx3x“. Главните ликови ги толкуваат: Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во останатите улоги се појавуваат […]

Спасовски вети нови униформи и чизми за полицајците


Нови униформи и чизми за полицајците, како и подобрување на целокупните услови за работа – вети министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по денешната средба со делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од претседателот Ацо Антовски. Спасовски рекол дека во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници и понудил […]

Спиел во комбе, се задушил од плинска греалка


   Албански државјанин го загуби животот во несреќен случај во атарот на струшкото село Ливада. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот кај нив бил пријавен во вторникот околу 10.30 часот. Во комбе паркирано во месноста Бело Губе, мртов бил пронајден Ф.Ш. (39) од Пешкопеја, Република Македонија. По увидот, утврдено дека албанскиот државјанин бил […]

Околу 150 илјади луѓе од Македонија боледуваат од ХОББ


Околу 150 илјади луѓе во Македонија  боледуваат од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Според лекарите, пушењето претставува главна причина за оваа болест. Други ризик фактори се аерозагадувањето, професионалната изложеност на штетни гасови, прашина, хемикалии, генетски фактори, неконтролирана астма итн. Најчестите симптоми на кои се жалат пациентите се отежнато дишење, гушење, недостаток на воздух, кашлица со […]

На Мугабе му порачаа дека треба „да се одмори“


Хараре – Поранешниот министер за финансии на Зимбабве и актуелен активист Тендаи Бити денес изјави дека Роберт Мугабе е “старец на кој треба да му се дозволи да се одмори”. Тој го изјави ова за африканската телевизија ЕНКА, додека Мугабе (93) беше во притвор, соопшти АП.

Ѓердан со најголемиот бел дијамант продаден за рекордни 34 милиони долари


ШВАЈЦАРИЈА- На аукција во Женева, Швајцарија, ѓерданот со најголемиот лебдечки бел дијамант на светот, под име “Уметноста на Грисогоно“ се продаде за рекордни 34 милиони долари. Дијамантот, откопан во Ангола, Африка, од едната страна е украсен со дијаманти , а од другата страна со смарагди. Купувачот сакал да остане анонимен.

Наградени компаниите со најдобри општествени практики


Се зголемува бројот на компаниите во Македонија кои применуваат општествено одговорни практики, но тоа треба да стане општо прифатен стандард. Овој концепт на фирмите им донесе и профит и им ја зголемува конкурентноста, беше порачано денеска на доделувањето на 10.„Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2017 година“ – Радува фактот што се повеќе […]

Прва Барбика со хиџаб во светот


Њујорк – Американската олимпијка Ибтихај Мухамед доби својата Барбика, направена во нејзина чест, која воедно е и првата Барби со хиџаб на светот.Ова е вторпат мечувалката да ја пишува историјата, откако лани дебитираше за американската олимписка репрезентација, со што стана прва спортиска која се натпреварува во мечување со хиџаб на главата. Сега таа послужи како инспирација за Барби во […]

Сугарески бара дополнителна поддршка од КФВ банка за локална патна инфраструктура


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на средба со претставници на КФВ банката, предводени од Кристоф Тискенс, директор за Југоисточна Европа и Турција, побарал дополнителна поддршка за проекти во локалната патна инфраструктура. – Министерството за транспорт и врски со КФВ банката досега има успешна соработка. Во таа насока, на денешниот состанок побарав дополнителна […]

Бројот на жртви се зголемува, најмалку 9 лица загинаа во поплавите во Грција


Најмалку девет лица загинаа во поплавите што го зафатија јужниот дел на Грција. Стариот пат од Атина до Коринт кај Неа Перамос утрово е претворен во река, и на него се заглавени повеќе автомобили. Грчката државна агенција АНА-МПА јави дека ситуацијата е слична и на новиот пат. Во тек е операција за извлекување на автомобилите и […]

Спасов: Законот за јазиците не го загрозува македонскиот


 Законот за јазиците не му пречи на македонскиот јазик, на неговиот статут и корпус, како и на Законот за македонски јазик кој оди како посебен јазик, изјави универзитетскиот професор Људмил Спасов, по отворањето на Меѓународната научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“. – Македонскиот е јазик на оваа држава и како таков ќе остане, […]

Ревијата на “Викторијас сикрет“-најскапата на светот прв пат во Шангај


КИНА-На најскапата модна ревија во светот на американскиот бренд за долна облека “Викторијас сикрет“ годинава ќе има рекорден број на девојки од Азија – вкупно седум модели, што е најмногу во историјата на брендот. На годинашното шоу на 28 ноември  за прв пат ќе се одржи во Азија, поточно во Шангај, Кина. Ѕвезди се ветеранките […]

Биљана Стојановска добитничка на книжевната награда „Тодор Чаловски“


Биљана Стојановска, поетеса, есеист, критичар и книжевен преведувач, ја доби наградата „Тодор Чаловски“, која Здружението за литература, култура и уметност „Галикул“ ја доделува на млад автор од Македонија во областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми. Наградата, која се доделува трет пат и е востановена во сеќавање на писателот Тодор Чаловски (1945-2015), […]

Фармерите очекуваат зелената нафта да го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата


Воведувањето на зелена нафта, чиј таргет се земјоделците, очекуваме да го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за горивото како што предвидува Предлог-буџетот за 2018 година, велат од Федерацијата на фармери која од денеска е ребрендирана и преименувана во Национална федерација на фармери (НФФ). Секој дополнителен трошок и евентуално поскапување, нагласуваат, влијае врз земјоделството. – […]

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе им олеснува на извршителите да наплатaт од пензионерите


Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија објави оглас за прибирање на понуди за изработка на софтвер за доградба на порталот е-Услуги на ФПИОМ за електронска размена на податоци со извршители. Според објавата на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 200.000 денари без ДДВ. Критериум за добивање на […]

Заев: Серија мерки за унапредување на македонскиот јазик


„Владата е искрено и силно посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ“, порача  денеска премиерот Зоран Заев, отварајжи ја вторатата Меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“, во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје. „Подготвени сме […]

Мигранти ќе протестираат на македонско – грчката граница


Десетици баратели на азил се собраа во северниот грчки град Солун, по повикот објавен на социјалните мрежи за протест поради неможноста да заминат кон некоја од европските држави. Околу 80 луѓе, главно од Ирак и Сирија, меѓу кои и семејства со деца, се собраа денес на плоштадот во Солун пред закажаниот марш до границата. Некои […]

Законот за јазиците ја помина првата фаза


Со 66 гласа „за“ и 41 „против“, Собранието го изгласа попладнево законот за употреба на јазиците, во прва фаза, односно ја утврди потребата за негово донесување. Со тоа, законот, кој е дел од коалицискиот договор меѓу владечачките СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците, влегува во финалната фаза од собраниската процедура, кога пратениците ќе можат да […]