Спиел во комбе, се задушил од плинска греалка


 

 Албански државјанин го загуби животот во несреќен случај во атарот на струшкото село Ливада. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот кај нив бил пријавен во вторникот околу 10.30 часот. Во комбе паркирано во месноста Бело Губе, мртов бил пронајден Ф.Ш. (39) од Пешкопеја, Република Македонија. По увидот, утврдено дека албанскиот државјанин бил ангажиран како овчар во селото, а возилото го користел како преноќиште.

„Во комбето била пронајдена плинска греалка коај се користела за затоплување на истото. По наредба на Јавен обвинител, врз телото била направена обдукција, при што e констатиранo дека Ф.Ш. починал од труење со јаглено-моноксид. Телото на починатиот, по обезбедување на потребната документација за транспорт во Република Албанија, ќе биде предадено на семејството“, соопшти МВР. (Г.А.).