U shpërblyen kompanitë me praktika më të mira shoqërore


Po rritet numri i kompanive në Maqedoni të cilat zbatojnë praktika me përgjegjësi shoqërore, por kjo duhet të bëhet standard i pranuar në përgjithësi. Ky koncept i ndërmarrjeve u solli edhe fitim edhe ua rriti konkurrencën, u porosit sot gjatë edicionit të dhjetë të ndarjes së “Çmimit nacional për praktika më të mira me përgjegjësi […]

Научници се обидоа да променат човечки ген заради неизлечива болест


Научници првпат се обидоа да променат човечки ген поради неизлечива болест, но така што тоа да не го измени ДНК-та на лицето. Целта е пациентот да се излекува од Хантеровиот синдром. Експериментот почна на почетокот од оваа недела. Брајан Мадон (44) интравенозмо прими милијарди примероци од корективниот ген што треба да ја „пресече“ неговата ДНК […]

Економската состојба во преработувачката индустрија поповолна, се очекуваат нови вработувања


Економската состојба на компаниите во преработувачката индустрија во октомври е поповолна во однос на септември и во однос на октомври лани, а се очекува и зголемување на бројот на вработени во овој сектор. Државниот завод за статистика денеска објави дека поповолна е состојбата со обезбеденоста на производството со порачки во октомври во однос на септември, […]

Судењето за „Триста“ се одложи, Фетаи не се откажува


„Ако некој сторил кривично дело ќе го гонам, па дури и ако е  на смртна постела“, рече специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, откако обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во МВР не се појави на денешното судско рочиште по предметот „Триста“. Судењето е одложено за 21 ноември, а Фетаи рече дека не и верува на одбраната,  […]

Одложена најавената средба со Метју Нимиц


Само што беше најавена, веќе е одложена средбата на  претставниците на Грција и на Македонија со медиаторот Метју Ними, што требаше да се одржи на 20 или 21 ноември. Според потврдени информации долгоочекуваната средба ќе се случи во декември, а причините за одложувањето засега не се навестуваат од официјални извори.На средбата, што беше закажаna по […]

Масажа со месарски ножеви, хит во Тајван (ВИДЕО)


Меѓу бројните салони за масажа во Тајпеј, престолнината на Тајван, има и еден во кој масерите ги „третираат“ своите клиенти со челични месарски ножеви. Кога првпат ќе ја видите оваа вештина, при што масерот наместо со рака, со нож „тапка“ по грбот на својот муштерија, сигурно ќе се чувствувате вознемирено. Иако не изгледа баш така, […]

Јанис Бутарис утре во Скопје


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, утре доаѓа во Скопје на средба со скопскиот градоначалник Петре Шилегов на која ќе се договара поблиска соработка меѓу двата града.Бутарис во Скопје ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а е планирана средба и со лидерот […]

Анѓушев: Претходната влада потроши повеќе за роуд шоуа отколку за помош на компаниите


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев за МИА изјави дека Владата ја напушта праксата на нетранспаретност и неотчетност во привлекување на директни странските инвестиции во земјата и дека ќе воведе економски аташеа како составен дел од амбасадите во земјите кои се традиционални партнери на Македонија. На маргините на Трансатлантскиот форум за економска соработка што […]

Политичка конфузија во Зимбабве


  Хараре – Државниот весник “Хералд” во Зимбабве, по двочасовното молчење, денеска на насловната страница  објави дека “немало воено превземање на власта” од а претседателот Роберт Мугабе, додека опозицијата тврди дека сменетиот потпретседател  Емерсон Мвангагва стои зад акцијата на армијата и дека „многу бргу ќе се чуе дека Мугабе  се повлекува од политичкиот живот”. Весникот […]

Индекс на дарежливост: Колку се дарежливи Македонците


Македонија се наоѓа на 64. место според Индексот за дарежливост и на второ место според остварениот скок во таа област во 2016 во однос на 2015 година. Поголем скок од неа, остварила само Босна и Херцеговина. Во студијата за дарежливост, со која се опфатени 140 држави, предвид се земени три категории: подготвеност да се помогне […]

Џафери: Парламентот со засилен надзор над буџетските расходи


Членови на парламентите од земјите од Западен Балкан, заедно со претставници од Светската банка и од Европскиот парламент, како и регионални експерти, дискутираат во Скопје за регионална соработка и како да се унапреди буџетскиот и законодавниот надзор на Западен Балкан. Според Извештајот презентиран во рамки на конференцијата „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен […]

Обвинителството ќе го истражува договорот со „Јадран филм“


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциската куќа „Јадран филм“ ангажирана за снимање на играната серија „Македонија“. Постапката е отворена по известувањето на Упрвата за финансиска полиција. Издадени се повеќе насоки и наредби за прибирање на материјални докази поврзани со […]

Зголемен прометот во индустријата во септември


Прометот во индустријата во септември бележи зголемување за 4,6 проценти во споредба со истиот месец лани. Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 7,4 проценти, додека прометот остварен на домашниот пазар е намален за 6,8 проценти. Пораст на прометот има во секторот Рударство […]

Евровизија не е изгубена


“Се вршат интезивни преговори на највисоко ниво меѓу Македонската радио телевизија и Португалската радио телевизија за учество на македонски претставник на најпрестижната музичка манифестација во Европа која годинава ќе се одржи во Лисабон, Португалија од 8 до 12 Мај. Се надеваме на решение, кое во најбрзо време ќе го објавиме официјално, изјави Јон Ола Санд, […]

Македонија стана полноправна членка на ТРАДУКИ


Македонија едногласно беше примена како полноправна членка на Европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ. Деновиве во Базел, Швајцарија се одржува редовната годишна средба на претставниците на земјите – членки на оваа мрежа. На настанот, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски ги потпиша формалните документи за членство, а нашата делегација веќе учествува полноправно во работните тела […]

Македонци одат во Врање за да купат сувомеснати производи


Околу 200 Македонци за време на викенд ги посетуваат блиските градови во Србија за да ги испазарат потребните намирници. Секој од нив во просек троши по 5.000 динари (околу 2.500 денари), поради што трговците на југот од Србија задоволно ги тријат рацете. Ова се дел од наводите на белградскиот весник „Блиц“, кој пишува опширно за […]

Бостон ја нанижа 13. победа во НБА лигата


Кошаркарите на Бостон ја прославија и 13. победа во низа во НБА лигата. Селтикси овојпат славеа на гостувањето кај Бруклин со 109:102. Нивни предводник беше Кајри Ирвинг со 25 поени, дабл-дабл ефект (21 поен/10 скока) постигна Маркус Морис. Прв стрелец во поразената екипа беше Џо Херис со 19 коша. Торонто го доби шутерското шоу со […]

Пет знаци дека имате здравствен проблем и покрај тоа што одлично се чувствувате


Здравствените проблеми како што се умор или несоница луѓето најчесто ги игнорираат, бидејќи претпоставуваат дека се последица од секојдневните обврски и од стресот. Мислат дека тоа е нормално. Но, не е. Погледнете на кои симптоми треба да обратите поголемо вниманиe: 1.Нагол губиток на коса  Повеќето луѓе, особено жените, ја чуваат косата со разни шампони и […]

Отворена најголемата библиотека со 1.2 милиони книги


Во Кина отворена е библиотека со неверојатни 1,2 милиони книги. Оваа зграда изгледа неверојатно со сферичниот аудиториум во самиот центар на библиотеката која потсетува на големо око. Таа се наоѓа во Бинхаи областа во Тианјин и има пет ката. Дизајнирана е од холандксата дизајнерска компанија MVRDV. Зградата има 34.000 квадратни метри и градена е четири […]

Во Илинден изложба на слики од ликовната колонија во Ораовица


Изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија во манастирскиот комплекс „Свети Георгиј” во радовишкото село Ораовица, е отворена во Домот на културата во општина Илинден. На изложбата се претставени над 40 слики од 18 автори од земјата и од странство, создадени за време на ликовната колонија. Посетителите на изложбата имааат можност да видат повеќе дела […]