Јанис Бутарис утре во Скопје


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, утре доаѓа во Скопје на средба со скопскиот градоначалник Петре Шилегов на која ќе се договара поблиска соработка меѓу двата града.Бутарис во Скопје ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а е планирана средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во изјава за „Катимерини“, Бутарис демантира дека неговата посета е поврзана со очекувањата на Атина за продолжување на разговорите за прашањето за името.

– Ние не се занимаваме со надворешна политика. Се обидуваме со дипломатија меѓу градовите да ги приближиме граѓаните на двете земји и заеднички да работиме за решавање на некои проблеми што ги имаме како соседи – вели Бутарис. Посочува дека голем број граѓани на Македонија доаѓаат во Солун за шопинг забава и туризам. Целта на посетата на Скопје, вели, е да се изградат најдобри можни односи меѓу двата града.