Прва Барбика со хиџаб во светот


Њујорк – Американската олимпијка Ибтихај Мухамед доби својата Барбика, направена во нејзина чест, која воедно е и првата Барби со хиџаб на светот.Ова е вторпат мечувалката да ја пишува историјата, откако лани дебитираше за американската олимписка репрезентација, со што стана прва спортиска која се натпреварува во мечување со хиџаб на главата. Сега таа послужи како инспирација за Барби во ново руво.

Куклата беше најавена самитот Гламурозни жени на годината, каде Мухамед гостуваше на програмата „Барби Шеро“, која им оддава признание на иноваторите и оние кои го менуват светот.Портпаролот на компанијата „Мател“ рече дека играчката ќе биде достапна на пазарот наесен наредната година.

Освен во традиционална муслиманска облека со хиџабот, куклата ја има и во верзија со „Најк“ униформа за мечување, кацига и меч.