На доручек кај Тифани во Њујорк


САД- Од завчера, луксузен доручек кај Тифани не е филмска фантазија. Славната јувелирница во Њујорк отвори ресторан, насловен по славниот класик од 1961 година  “Доручек кај Тифани“ со Одри Хепберн во главната улога. Ресторанот, лоциран на Петата авенија на Менхетен, на менито вклучува доручек кој се состои од тост со авокадо, кроасани со путер и […]

Стефан, Борче и Хана ќе добијат од донациите за Валерија


Три деца кои исто така во моментов собираат донации за лекување ќе добијат од парите што се собираат за операцијата на малата Валерија Зафировска од Штип, потврди нејзината мајка за „Независен весник“. Потребните 40.000 евра за Валерија се собраа рекордно, за 24 час. Бројот на Т-Мобиле е затворен. Акциите во Штип и во други градови, […]

Промоција на книгата „Живот во кутија“ од Томислав Кежаровски


„Живот во кутија“ е насловена првата книга на новинарот Томислав Кежаровски, која ќе биде промовирана вечер од 18 часот на универзитетот ФОН. – Целта е таму некаде далеку, ама може да стасаме ако одиме кон неа по добро исцртани патеки. Мора да бидеме едни до други. Нема вакви и онакви, нема наши и ваши. Неправдата […]

Италија остана без селектор, фудбалската федерација му врачи отказ на Вентура


Италијанската фудбалска федерација ја прекина соработката со Џанпјеро Вентура. Отказот за досегашниот селектор на „азурите“ дојде како логична последица на елиминацијата од Шведска во баражот за Светското првенство во 2018 година. Како главни кандидати за наследници на Вентура се споменуваат Карло Анчелоти кој е моментно без ангажман, потоа тренерот на Зенит од Санкт Петербург, Роберто […]

Манекенката Миранда Кер очекува дете со младиот милијардер


САД- Светски познатиот топ-модел Миранда Кер очекува дете со младиот милијардер Еван Шпигел. Миранда убавата вест ја соопшти по шест месеци брак со основачот на социјалната мрежа Снепчет.Иако ова е нивно прво заедничко дете, Миранда веќе го има синот Флин од претходниот брак со холивудскиот актер Орландо Блум. „Миранда, Еван и Флин со радост го […]

Ќе се менува Законот за заштита на сведоци


Владата ќе му предложи на Собранието да усвои предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, соопштија од владината прес служба. Целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. […]

Владата го усвои зголемувањето на акцизата за нафтата


Владата на седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на дизел горивото кое се користи како погонско гориво и на екстра лесното масло за домаќинство што се користи како гориво за греење, за три денари. Како што претходно беше соопштено, […]

Спречен протест на грчки мигранти на македонската граница


Грчката полиција не дозволи околу 200 мигранти и баратели на азил да заминат од Солун кон границата со Македонија, каде сакаа да организираат протест поради тоа што се спречени да заминат кон други европски земји. Десетици полицајци од редовите на единицата за борба со безредија, користеа штитови за да ги спречат мигрантите да заминат од […]

Грција прогласи национална жалост поради жртвите од поплавите


Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост во земјата поради жртвите од поплавите, во кои загинаа 15 лица, јавија грчките медиуми. – Прогласувањето национална жалост е најмалку што можам да направам –  изјави Ципрас. Министерството за надворешни работи на Грција се очекува да објави тридневна национална жалост. Ципрас истакна дека ќе се направи „целосна истрага […]

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, доаѓа во Скопје


Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис денеска доаѓа во Скопје на средба со скопскиот градоначалник Петре Шилегов на која ќе се договара поблиска соработка меѓу двата града. Со Бутарис денеска ќе се сретнат и претседателот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Никола Димитров. Ова ќе биде втора средба меѓу […]

Министерство за здравство: Бакрачески не е деградиран, за Доневски ќе каже ДКСК


Министерството за здравство вечерва ги објави заклучоците од вонредниот инспекциски надзор во охридскиот Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања. Во оваа институција на работа се врати д-р Никола Бакрачески, доскорешен градоначалник на Охрид, при што излегоа информации дека е деградиран поради политички реваншизам. „Д-р Никола Бакрачески, специјалист интернист со супспецијализација-кардиологија, во 2013 […]

Германија и Франција остануваат посветени на Парискиот договор


Парискиот договор за климатски промени што беше постигнат во 2015 година, е само почеток на борбата против глобалното затоплување, на која и се потребни уште поголеми чекори, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во обраќањето на Конференцијата за климатски промени што се одржува во Бон. – Знаеме дека Парискиот договор е само почеток. Знаеме и […]

Дали ќе се укине титулата национален уметник?


Пратениците попладнево расправаа за Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Македонија, во прво читање. Со него е предвидено во иднина да се укине доделувањето на оваа титула која се состои од доживотен паричен надомест од две просечни месечни плати. Ќе продолжи да важи за петтемина од шесте добитници на титулата. […]

Поплави во Грција, најмалку 15 загинати


Најмалку 15 лица загинаа во поплавите што денеска ги зафатија реоните на градовите Мандра и Неа Перамос, западно од Атина. Поплави, предизвикани од бурата „Евридика“, која беше проследена со поројни дождови, се регистрирани и во местата Мегара и Магула, каде многу локални жители, како и во Мандра и Неа Перамос, остана заглавени во своите домови. […]

Ученици од Делчево се затруле со храна


Четири ученици од ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево и еден возрасна жена, вработена во училиштето, се затруле со храна откако јаделе гиро во сендвичарница блиску до училиштето. Првите симптоми се појавиле кај учениците околу 12 часот. Поради тешката здравствена состојба тие се транспортирани во Клиничката болница во Штип. -Околу 12 часот, деца почнале да повраќаат […]

Вицепремиерот Анѓушев го претстави Планот за економски раст пред претставници на Светска банка


Мерките од Планот за економски раст нудат силна финансиска поддршка за фирмите што се ориентирани кон резултати, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешните средби во Вашингтон со Стефани фон Фриедебург, главен директор за информации и потпретседател на групацијата Светска банка и Џон Панцер, директор за макроекономија и фискално управување во Светска банка. […]

Заев: 16 инкубатори за Клиниката за гинекологија и уште 10 за болници низ државата


Вкупно 16 инкубатори за бебиња доби Одделението за интензивна нега на Клиниката за гинекологија (ГАК). Уште десет инкубатори ќе бидат доставени до болници и клиники низ државата. Ова го најави премиерот Зоран Заев, за време на денешната посета на ГАК. Инкубаторите ќе добијат општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид Куманово, Битола, Гостивар и Струмица како […]

НБРМ: Постојната монетарна поставеност засега соодветна, ризиците сеуште постојат


Постојните економски и финансиски услови, како и постоечките ризици, укажуваат на тоа дека постојната монетарна поставеност засега е соодветна. Екстерната позиција гледана преку остварувањата кај тековната сметка на билансот на плаќања, генерално е во рамки на очекувањата и покажува задржување здрави економски фундаменти. Ова беше заклучено на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна […]

Дождовите ќе ги зголемат водостоите


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) очекува врнежите од дожд што се предвидуваат и за наредните два дена да предизвикаат зголемување на водостојот и да ги наполнат речните корита на водотеците низ земјава. Во текот на денешниот ден врнежите од дожд беа најзастапени во западните и јужните делови од земјата. Според последните мерења од метеоролошките станици, […]

Харлем Дезир бара вистинска независност на јавниот сервис


Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дизир, денес ги пофалил неколкуте позитивни медиумски реформи во Македонија, нагласувајќи ја потребата за подобрување на општата медиумска состојба во земјата.За време на неговиот состанок со премиерот Зоран Заев, тој разговарал за измените во законодавството за аудио-визуелните медиуми, за реформата на јавниот сервис и безбедноста на новинарите. […]