Ѓорѓе Иванов ќе го пречека албанскиот претседател Илир Мета


Претседателот на Република Албанија Илир Мета денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Предвидено е Мета да биде пречекан со државни и воени почести пред платото на кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов кој ќе биде негов домаќин. Мета и Иванов ќе има тет а тет средба во „Вилата Водно” а потоа […]

Ѓукановиќ се враќа како претседател на Црна Гора


Поранешниот црногорски претседател и премиер и актуелен лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ повторно најави дека не е исклучена можноста на претстојните избори да биде кандидат за претседател на Црна Гора. – На претстојните претседателски избори ДПС ќе предложи доволно квалитетен кандидат, со кој ќе оствари важна политичка победа и ќе […]

Еврокомесарот Хан доаѓа во Скопје на разговори за ЕУ агендата


Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија во рамки на која ќе има политички и средби со претставници на граѓанскиот сектор. Хан, како што засега официјално е потврдено, ќе има средби со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, […]

Шпенд Ахмети е старо новиот градоначалник на Приштина


Триесет и деветгодишниот Шпенд Ахмети е старо новиот градоначалник на косовскиот главен град Приштина. Ахмети од Движењето „Самоопределување“ прогласи победа и ги повика граѓаните на Приштина да прослават. „По пребројувањето на гласовите може да ја прогласиме победата во Приштина, иако со тесен резултат. Ви благодарам на сите. Се гледаме на прославата на плоштадот ‘Захир Пајазити‘“, […]

Мугабе се обрати до нацијата, ама не даде оставка


Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, не поднесе оставка за време на своето обраќање вечерва на државната телевизија, а многумина тоа го очекуваа. Тоа значи дека против него наскоро ќе биде покрената процедура за импичмент. Мугабе во обраќањето најави дека следниот месец ќе претседава со конгресот на владејачката партија ЗАНУ-ПФ, иако таа партија го смени од […]

Бугаринот Димитров го освои Лондон


Бугаринот Григор Димитров е победник на завршниот тениски мастерс во Лондон откако во финалето го победи Белгиецот Давид Гофан со 2-1 во сетови: 7-5, 4-6, 6-3. Димитров на крајот од оваа сезона заврши како трет на АТП листата, додека Гофин е седмиот тенисер на светот.

Ромфеа.гр: Шизматската МПЦ подготвена да ја признае БПЦ за мајка-црква


Популарниот грчки црковен сајт „ромфеа.гр“ под наслов „Шизматската Македонска црква е подготвена да ја признае Бугарската патријаршија како своја мајка-црква“, информира за писмото и барањето на МПЦ-ОА за евхаристиско единство со БПЦ со укажување дека тоа ќе предизвика реакции во грчкото општество и во грчката црква. „Во писмото се говори за воспоставување евхаристиска заедница, но […]

Китановски стрелец против Хајдук


Македонскиот интернационалец Томе Китановски го постигна единствениот погодок за неговата Истра 1961 во поразот против сплитски Хајдук во 16. коло од хрватското фудбалско првенство. Популарните „били“ славеа со 3-1, по што се искачија на второто место од табелата, но со големи 12 поени помалку од загрепски Динамо. Истраните се претпоследни со 13 поени.

Нов дебакл на МЗТ: Лидерот Будуќност пресилен во Аеродром


Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со слабите игри сезонава. Во натпревар од 9 коло на Јадранската АБА лига, „аеродромци“ загубија на домашен терен од водечката Будуќност со 71-93. Пред 2.000 гледачи, најефикасен во составот на македонскиот првак беше Доминик Мавра со 14 поени, а толку постигна кај црногорскиот состав Никола Ивановиќ. Со овој пораз, МЗТ […]

Вардар подобар од Пелистер во вечното дерби


Со голот на Висар Муслиу во 65. минута, Вардар со 1-0 го совлада Пелистер во вечното дерби на македонското фудбалско првенство. Натпреварот го обележа навивачката група „Комити“, која прослави 30 години од своето постоење. Со оваа победа, Вардар остана на -11 од лидерот Шкендија, но и два натпревари помалку од актуелниот вицешампион. Прва лига, 16 […]

(ВИДЕО) Спектакл на арената „Филип Втори“: „Комитите“ слават 30 години


Најпознатата навивачка група во Македонија, популарните „Комити“ денеска слават 30 години од постоењето. Роденденот го слават на натпреварот од Првата фудбалска лига меѓу Вардар и Пелистер, а гости им беа близнаците од групата „Некс тајм“.

Мугабе ќе даде оставка


Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, прифати да се повлече од функцијата, по 37 години, тврди извор запознаен со преговорите меѓу Мугабе и војската. Изворот не можел да даде повеќе детали за поднесувањето на оставка на Мугабе. Државната телевизија на Зимбабве, претходно соопшти дека подоцна Мугабе ќе има обраќање од неговиот кабинет.

СДСМ: Не се скратени средства за студентски домови


СДСМ ги негира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека со последната пренамена на средства од буџетот се скратени близу еден милион евра за реконструкција и изградба на студентски домови. „Не е точно дека се скратени средства за реконструкција на студентски домови. Вистината е дека средствата што не можат да се реализираат до крајот на годината се пренаменуваат […]

Бугарската црква да го прифати барањето на МПЦ


Бугарската православна црква треба да ја искористи историската шанса и да стане мајка црква на Македонската православна црква, коментираат дел од аналитичарите во Бугарија по барањето на МПЦ за евхаристиско единство со БПЦ. Милен Врабевски, претседател на фондацијата „Бугарска памет“ во изјава за Бугарската национална телевизија, вели дека дека БПЦ треба да го прифати барањето […]

Мароко: Во стампедо при делење храна загинаа 15 лица


Во стампедо, што се создало при делење на храна во јужниот дел на Мароко, загинаа 15 лица, а петмина се повредени, соопшти мароканското Министерство за внатрешни работи. Инцидентот се случил во местото Сиди Булалам во провинцијата Есаурам, во време кога локалната служба делела храна. При несреќата, на местото се наоѓале околу 800 лица.

Јункер против независноста на Каталонија


„Стремежот на Каталонија за независност е „катастрофа“, против која ќе се бори Европската унија со цел да го поддржи единството на Шпанија“, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. „Каталонија е огромна грижа. Не ми се допаѓа ситуацијата што ја предизвика. Тоа е катастрофа за повеќе работи. Ги поткопа политичките односи, ги раздели шпанските и […]

„Старата дама“ сопната во Џенова: Сампдорија го порази Јувентус


Јувентус го претрпе вториот пораз во сезоната во Серија А. Сампдорија во Џенова ја совлада „старата дама“ со 3:2 како најава за неизвесна трка за врвот на табелата до крај на сезоната. Сит пет погодоци на „Луиџи Ферарис“ беа постигнати во второто полувреме. Од 52 минута до 79 минута домашните успеаја трипати да го совладаат […]

Албанскиот претседател на гости кај македонскиот колега


Претседателот на Албанија Илир Мета в понеделник и вторник ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Иванов и Мета утре ќе имаат тет-а-тет средба во претседателската „Вила Водно“ по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на двете земји. За содржината на разговорите претседателите Иванов и Мета ќе […]

Анкара ги забрани сите ЛГБТ настани


Tурските власти денеска ги забранија сите јавни настани кои ги организира ЛГБТ заедницата во Анкара. Забраната, што стапи на сила синоќа, се однесува на сите ЛГБТ филмови, театарски претстави, панел-дискусии или изложби. Турските власти ја донеле оваа одлука поради безбедносни причини, бидејќи таквите настани би можеле да испровоцираат реакции од некои социјални групи поради „чувствителниот […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја турка Македонија кон грчко сценарио


Владата на СДСМ ја турка Македонија кон грчко сценарио, така што во 2020 година јавниот долг ќе изнесува огромни 53.5 проценти од БДП, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Во наредните три години, расипничката власт планира брутална кражба на државата и полнење на џебовите на криминалната врхушка преку задолжувања кои ќе ги враќаме сите.Владата на Заев ова […]