Бугарската црква да го прифати барањето на МПЦ


Бугарската православна црква треба да ја искористи историската шанса и да стане мајка црква на Македонската православна црква, коментираат дел од аналитичарите во Бугарија по барањето на МПЦ за евхаристиско единство со БПЦ. Милен Врабевски, претседател на фондацијата „Бугарска памет“ во изјава за Бугарската национална телевизија, вели дека дека БПЦ треба да го прифати барањето на МПЦ бидејќи, како што наведува, „втора таква шанса ќе нема“.

„Апелирам до бугарскиот патријарх Неофит да заземе позиција на духовен татко и да помисли дека од другата страна живеат наши духовни браќа. Редно е да го поддржи народот во Македонија“, изјави Врабевски.

Според него, есенва имало средби меѓу бугарски и македонски владици во Бугарија, но Синодот на БПЦ се уште се плаши да го направи првиот чекор. За прифаќање на барањето од МПЦ е и поранешниот директор на бугарската Дирекција за вероисповед Љубомир Младенов, кој е и еден од иницијаторите на контактите меѓу Македонската и Бугарската црква. –

„Непростливо е да се пропушти оваа историска шанса. Патријархот Неофит во вие настани треба да гледа како на продолжение на неговата доследна работа и преку своите личните убедувања да ги доведе работите до добар крај“, вели Младенов.