Албанскиот претседател на гости кај македонскиот колега


Претседателот на Албанија Илир Мета в понеделник и вторник ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Иванов и Мета утре ќе имаат тет-а-тет средба во претседателската „Вила Водно“ по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на двете земји. За содржината на разговорите претседателите Иванов и Мета ќе ја информираат јавноста на заедничка прес-конференција. Албанскиот претседател утре треба да има средба и со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери.