Ѓорѓе Иванов ќе го пречека албанскиот претседател Илир Мета


Претседателот на Република Албанија Илир Мета денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Предвидено е Мета да биде пречекан со државни и воени почести пред платото на кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов кој ќе биде негов домаќин.

Мета и Иванов ќе има тет а тет средба во „Вилата Водно” а потоа планиран е пленаран состанок на делегациите на Македонија и на Алабнија и прес- конференција на двајцата претседатели.