Катимерини: Претстои развој на темата околу спорот за името


Атина – Од сите страни пристигнуваат пораки и сигнали кои укажуваат дека претстои развој во однос на темата околу спорот за името на поранешната југословенска Република Македонија, пишува грчки „Катимерини“. Во коментар под наслов „Западот, Скопје и НАТО“, весникот наведува дека една вест што дојде од Сараево покажува дека Западот е активиран да ги затвори […]

„Срце од камен“ прогласен за најдобар филм на годинешниот Синедејс


„Срце од камен“ – исландско-данска копродукција на режисерот Гудмундур Амар Гудмундсон е најдобар филм на 16. Фестивал на европски филм „Синедејс“, беше соопштено на синоќешното затворање на фестивалот во кино „Милениум“. Избран е за најдобар меѓу осум остварувања во Официјалната селекција, според жирито, во состав: Семих Капланоглу, Евгенија Тирдатова и Марија Драндаки. Во нивното образложение […]

Славната тенисерка Јана Новотна почина од рак


Тага и неверувањето завладеа со тенискиот свет. Славната чешка тенисерка, Јана Новотна (49) ја загуби битката со ракот и почина вчера во семејниот дом. „Јана беше инспирација и на теренот и надвор од него. Сите што ја запознаа – ќе Ви го кажат тоа“, рече претседателот на ВТА, Стив Симон. Својот најголем успех во кариерата,  […]

Славниот француски писател Давид Фоенкинос во Скопје


Славниот француски писател Давид Фоенкинос денес на пладне, во Францускиот институт во Скопје, во соработка со издавачката куќа „Или-Или“  ќе има книжевна средба. Авторот, којшто во 2014 година ја доби престижната книжевна награда Ренодо 2014 за романот „Шарлота“, ќе биде присутен на настанот заедно со Стефан Фоенкинос, режисер и сценарист. За време на книжевната средба, […]

Американски музички награди: Бруно Марс е музичар за 2017


САД- Поп-ѕвездата Бруно Марс триумфираше на 45. Американските музички награди што се одржаа синожа во театарот “Мајкрософт“ во Лос Анџелес, САД . Американскиот пејач ги освои наградите за музичар на годината, за поп-пејач, албум на годината и спот на годината. Хит на годината има Луис Фонси за “Деспасито“ а со Дади Јенки ја освоија и […]

Мирослав Масин изложува во Љубљана


Во галеријата Кос во Љубљана вечер ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот академски сликар Мирослав Масин. Ќе бидат изложени дела од циклусот „Enchantè“ работени последниве четири години. „Enchantè“ претставува сублимат на поранешните циклуси на Масин. Изложбата во Љубљана е организација на Младинскиот културен центар – Скопје, со поддршка на Министерството за култура на РМ, […]

Енес Ибрахим на чело на Партијата за движење на Турците


Пратеникот Енес Ибрахим е избран за нов претседател на Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП), на третиот редовен конгрес на партијата што се одржа во Скопје. Од 314 регистрирани делегати, на конгресот присуствуваа 298 кои едногласно гласаа за изборот на Ибрахим, кој досега беше генерален секретар на ТХП. Ибрахим доаѓа на местото на […]

Снимките за „Поткуп“ го одложија судењето против Заев


Судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, денеска беше одложен за 25 декември годинава, поради тоа што предметот е во жалбена постапка пред Апелациониот суд во Скопје. Претседателот на Владата се појави во Кривичниот суд, но рочиште не се оддржи. Се очекува Апелација да донесе одлука дали снимката на која Заев, […]

Недела на современ шпански филм во Кинотека на Македонија


Од денеска до 26 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржи филмски циклус посветен на современиот шпански филм. Ќе бидат прикажани седум филмови со превод на македонски и англиски јазик. Филмската ревија ќе бидее отворена вечер со филмот „Среќни 140“ во режија на Грасија Керехета. Утревечер ќе биде прикажан филмот „Лудата Хуана“ на режисерот […]

Турскиот мјузикл „Легендата на птицата Симург“ во Дом на АРМ


Членови на хорот, оркестарот и на танцовата група при Турската државна радио телевизија (ТРТ) вечер во Домот на АРМ ќе го изведат мјузиклот „Легендата на птицата Симург“. „Легендата на птицата Симург“ претставува музичко патување со разнообразни музички, танцувачки и сценски елементи, оригинална кореографија и визуелни уметности, со цел да се истакнат белезите на турската цивилизација […]

Индијката Мануши Чилар е Мис на светот 2017


КИНА- Студентката по медицина Мануши Чилар (20) од Индија е мис на свет за 2017 година, избрана на најпрестижниот избор на убавина во светот, во Санија, Кина. За прва придружничка меѓу учеснички од 118 земји во светот е избрана Мексиканката Андреа Мезе, а за втора придружничка- Британката Стефани Хил. Мис на светот ја доби својата […]

70 години брак: Кралица Елизабета Втора и принцот Филип


ВЕЛИКА БРИТАНИЈА- Британската кралица Елизабета Втора (91), која владее веќе 65 години , денеска ќе прослави 70-годишнина од бракот со принцот Филип, во семејниот круг во дворецот Виндзор, пренесуваат британските медиуми. Како што е најавено, јавни одбележувања нема да има. Британската престолонаследничка, принцезата Елизабета, се омажила за морнарскиот офицер Филип Моунбатен во лондонската опатија на […]

Кој, колку нафта произведува на Балканот?


Албанија е најголем производител на сурова нафта на Западен Балкан со вкупно производство од 21.000 барели дневно. Србија е на второ место со 20.560 барела производство на дневно ниво, се наведува во извештајот на атинскиот институт за енергетика на Југоисточна Европа, пренесува АТА. Во анализата се наведува дека дневната потрошувачка на нафта во Албанија изнесува […]

Влијанието на сметководството врз економскиот раст на државата


Сојузот на сметководители денеска ќе информира за влијанието на сметководството врз економскиот раст на државата во услови на глобализација. Прес-конференцијата ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија, а најавено е присуство на претставници од Сојузот на сметководители

Дегустација, мода и сеир на Фестивалот на младо вино во “Тиквеш“


Некој вино, некој љубов, а некој сеир, славеа гостите викендов на Фестивалот на младо вино во “Тиквеш“, на првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба. Веќе осум години е престиж да бидеш поканет и да дегустираш врвни вина на овој прв и единствен од ваков вид во земјава фестивал кој има значајна улога […]

Биткоинот руши рекорди, сега чини 7.998 долари


Биткоинот урна уште еден рекорд и сега чини 7.998 долари. Може да се каже дека претходните две недели беа турбулентни за оваа криптовалута, со оглед дека во еден момент падна на 5.500 долари. По тоа, неговата вредност растеше, за во меѓувреме да порасне за 45 отсто. Во исто време, пазарната вредност на биткоинот или вкупната […]

Скроена европската каса: Буџетот на ЕУ во 2018 година ќе тежи 144,7 милјарди евра


Институциите на Европската унија го усогласија буџетот за 2018 година, вреден 144,7 милијарди евра, што е за 14,1 отсто поголем од овогодишниот. Буџетот ќе стимулира нови работни места, посебно за млади луѓе, ќе поттикнува раст, стратешки инвестиции и конвергенција, соопшти Европската комисија. Европскиот комесар Гинтер Етингер истакна дека тоа е буџет за сите, дека ќе […]

Почина најсуровиот убиец на 20 – от век (ВИДЕО)


Американскиот убиец Чарлс Менсон, одговорен за смртта на 35 лица почина на 83-годишна возраст во затворската болница. Меѓу неговите жртви е и актерката Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански, која била во осмиот месец од бременоста. Менсон минатата недела беше префрлен во болница од затворот, а таму починал. Тој стана убиец со кукаст крст […]

Падна снег во Крушево, Маврово и Лазарополе


Висината на снежната покривка во осум часот во Крушево изнесува два сантиметри, а во Маврово и Лазарополе по еден сантиметар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минимални температури утрово се движат од минус четири во Маврово, минус три во Крушево, минус два во Лазарополе и Ѓуриште, нула во Пожаране, Тополчани, и Берово, еден степен во Крива […]

И Груевски и Заев денеска се на суд


За денеска е закажан почетокот на судскиот процес за насилствата во општина Центар во кој првообвинет е поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во друга судница во истот суд, Основен суд Скопје 1, треба да се појави и актуелниот премиер Зоран Заев за случајот „Поткуп”. Почетокот на двете судења досега неколку пати […]