Американски музички награди: Бруно Марс е музичар за 2017


САД- Поп-ѕвездата Бруно Марс триумфираше на 45. Американските музички награди што се одржаа синожа во театарот “Мајкрософт“ во Лос Анџелес, САД . Американскиот пејач ги освои наградите за музичар на годината, за поп-пејач, албум на годината и спот на годината. Хит на годината има Луис Фонси за “Деспасито“ а со Дади Јенки ја освоија и наградата за соработка на годината.

Поп-ѕвездата Леди Гага е пејачка на годината, а легендата Дајана Рос ја освои наградата за животно дело. Дрејк е хип-хоп пејач на годината, Кит Урбан е кантри пејач на годината, а Кери Андервуд е кантри-пејачка на годината.