70 години брак: Кралица Елизабета Втора и принцот Филип


ВЕЛИКА БРИТАНИЈА- Британската кралица Елизабета Втора (91), која владее веќе 65 години , денеска ќе прослави 70-годишнина од бракот со принцот Филип, во семејниот круг во дворецот Виндзор, пренесуваат британските медиуми. Како што е најавено, јавни одбележувања нема да има.

Британската престолонаследничка, принцезата Елизабета, се омажила за морнарскиот офицер Филип Моунбатен во лондонската опатија на 20 ноември 1947 година, само две години по завршувањето на Втората светска војна.

– Една од тајните на овој многу, многу долг брак, е фактот дека Филип секогаш сметал дека негова главна должност е да ја поддржува кралицата, да и помогне колку што може и знае – рекол историчарот Хуго Викерс.

Идната брачна двојка првпат се сретнала на венчаваката на роднината на Филип, грчката принцеза Марина и вујкото на Елизабета, војводата од Кент. Идната кралица тогаш била се уште девојче.

Принцот Филип има кралско „педигре“ и без Елизабета. Неговиот дедо од таткова страна бил грчки, а од мајчината страна дански крал.Роден е на Крф 1921 година, но семејството му било протерано од Грција додека бил дете и се населило во Британија.

Иако како и сите брачни двојки имале подеми и падови, Елизабета и Филип успеале да ги избегнат неприликите, меѓу кои, и разводите на браковите на трите од нивните деца. Најпознат меѓи тие бракови е оној на принцот Чарлс и принцезата Дијана.

Принцот Филип, на кој последните години му е нарушено здравјето, во август се повлече од сите јавни должности.