Снимките за „Поткуп“ го одложија судењето против Заев


Судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, денеска беше одложен за 25 декември годинава, поради тоа што предметот е во жалбена постапка пред Апелациониот суд во Скопје. Претседателот на Владата се појави во Кривичниот суд, но рочиште не се оддржи. Се очекува Апелација да донесе одлука дали снимката на која Заев, наводно, бара поткуп, обезбедена од посебни истражни мерки, смее да се користи како доказ или не. Седницата е закажана за 27 ноември.

Претходно, судијката Дијана Груевска – Илиевска го одби барањето на Заев за изземање на снимките од овие мерки на обвинителството за организиран криминал, поради што беше поднесена жалба.