Индијката Мануши Чилар е Мис на светот 2017


КИНА- Студентката по медицина Мануши Чилар (20) од Индија е мис на свет за 2017 година, избрана на најпрестижниот избор на убавина во светот, во Санија, Кина. За прва придружничка меѓу учеснички од 118 земји во светот е избрана Мексиканката Андреа Мезе, а за втора придружничка- Британката Стефани Хил. Мис на светот ја доби својата круна од ланската победничка- Мис Порторико.

Изборот за мис на светот се одржува од 1951 година кога го осмисли Британецот Ерик Морли заедно со неговата сопруга Џули.