Нов дебакл на МЗТ: Лидерот Будуќност пресилен во Аеродром


Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со слабите игри сезонава. Во натпревар од 9 коло на Јадранската АБА лига, „аеродромци“ загубија на домашен терен од водечката Будуќност со 71-93.

Пред 2.000 гледачи, најефикасен во составот на македонскиот првак беше Доминик Мавра со 14 поени, а толку постигна кај црногорскиот состав Никола Ивановиќ.

Со овој пораз, МЗТ остана на дното од табелата со две победи и седум порази. Во идното коло, МЗТ гостува кај Морнар во Бар.