Мугабе ќе даде оставка


Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, прифати да се повлече од функцијата, по 37 години, тврди извор запознаен со преговорите меѓу Мугабе и војската.

Изворот не можел да даде повеќе детали за поднесувањето на оставка на Мугабе. Државната телевизија на Зимбабве, претходно соопшти дека подоцна Мугабе ќе има обраќање од неговиот кабинет.