Јеремиќ: Вучиќ и Тачи ги договорија таксите на таен состанок во Рим


Претседател на Народната партија, Вук Јеремиќ, рече дека од високи дипломатски извор, од држава членка на ЕУ, дознал дека на 4 ноември Вучиќ и Тачи се состанале во Рим.

Како што наведе, тие таму се договориле да се подигне данокот за српските стоки.

Јеремиќ за новинарите во Крагуевац изјави дека сè што доаѓа од зголемување на даноците за српските производи, сите тензии, кои сега се под контрола, планирано е да останат под контрола.

Тој предупреди дека таквите работи одвреме-навреме може да излезат од контрола, а потоа доаѓа до несогледливи последици бидејќи, како што вели, такви работи се веќе видени во текот на 90-тите години.

„Ова сето се случува со цел да се создаде атмосфера на колективна параноја, и во Косово и во останатиот дел од Србија, дека е неопходен договор за разграничување меѓу Србите и Албанците, со цел да се избегне војна. Не постои мнозинство во таканаречената демаркација или во Косово или во останатиот дел од Србија, и тоа мнозинство мора да се создаде“, вели Јеремиќ.

Тој додаде дека оние што си играат со оган и тајно се состануваат во Рим и во други места, тие имаат намера да наметнат таков вид мнозинството така што ќе ги исплашат луѓето дека се наоѓаат пред војна.

„Нема да има војна, но ако неодговорни политичари на власт во Белград и Приштина продолжат да си играат со оган, тогаш сè би можело да се случи“, рече Јеремиќ.

Тој додаде дека, ако луѓето постапуваат одговорно и ако има минимална транспарентност и демократија во процесот на преговори, што е неопходно, тогаш не постои ризик од конфликт.

„Но за такво нешто треба да имате одговорни луѓе. За жал, тоа не е така во Белград и Приштина“, рече Јеремиќ.